- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Брандл: Хамилтон во Ферари е завршена приказна

Поранешниот Формула 1 возач и сегашен стручен коментатор на британски Sky Sports F1, Мартин Брандл, смета дека со одлуката на Ферари да потпише двегодишен договор со Карлос Саинз, “приказната“ за Луис Хамилтон во тимот од Маранело е веќе завршена.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ферари објавија на почетокот од овој месец дека Себастијан Фетел нема да остане кај нив и следната година, а само два дена подоцна објавија и дека потпишале со Карлос Саинз договор со важност до крајот на 2022 година. Можност за Хамилтон евентуално има во 2023 година, но Брандл е скептик.

ако тото ги напушти мерцедес и тие на некој начин “оладат“ со сите проблеми кои ги донесе пандемијата и ќе ги донесе намалувањето на трошоцит во формула 1, целата ситуација во спортот драстично се менува. тогаш мислам дека хамилтон самиот ќе бара да мине во ферари, тоа е логичен чекор.

сум зборувал со него околу помислата д се трка во црвено и да застане на подиумот во монца во облека од ферари. тој ми кажа дека сака црвено и дека ја има таа боја на дизајнот на својата кацига затоа што е боја на страст. но потврди дека цел живот му е поврзан со мерцедес.

комерцијално може да остане амбасадор на “сребрените“ цел живот, а тоа е нешто што нема човек што не би го посакал – вели брандл.

Британецот го предупреди Луис дека заминување од екстремно успешно партенрство со Мерцедес за возачко место во Ферари може да не е најдбра одлука на подолг рок, а Михаел Шумахер е пример за тоа.

Црвениот Барон ги напушти Ферари и Формула 1 на крајот од 2006 година, но четири години подоцна се врати во спортот со Мерцедес. Не победи на ниту една трка за “сребрените“ и за сит етри години во екипата само еднаш се качи на подиум.

михаел шумахер беше херој и идол на ферари и потоа замина во мерцедес, ја уништи поврзаноста со маранело, а вториот обид во спортот не беше како што треба.

луис треба да се тргне од компанијата со која работи цел живот, цела своја професионална кариера, а за таков потег треба долго и темелно да размисли, да напушти таква работа само поради ферари.

но, дали ферари може да му дадат победнички пакет или пак ќе заврши фрустриран како што тоа го направија фернандо алонсо или пак себастијан фетел.

На свои 35 години, шесткратниот првак мора да донесува вистински одлуки затоа што се наоѓа во залезот каде не може да добие евентуална втора шанса.

свесен е дека е во последната фаза од кариерата. кога јас се тркав во формула 1, најдобрите се тркаа и на 40 години и победуваа, но тогаш имаше помалку податоци на располагање и искуството беше клучно. немавме сензори насекаде и немавме симулатори.

болидите беа животни, а возачот беше главен при нивно сетирање со помош на своето искуство. мораше сами да се грижите за целиот пакет цела трка, менувачот, кочниците, спојката, се беше оставено на вас.

искуството беше клучно, а денеска болидит есе многу посилни и побрзи и спортот стана за помлади возачи. луис како да не старее, но сепак, се ближи до 40та година.

по мене има време да одработи уште еден договор, има што да понуди. видете ги само сликите на неговите социјални профили и може да се забележи со колку голема мотивација и желба се подготвува.

не гледам ништо што навестува дека ќе престане да се трка многу скоро – заврши брандл.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Ботас: Не смеам да си дозволам трки без поени

Финецот Валтери Ботас призна дека не смее да си дозволи уште трки без поени, како онаа на Силверстон, во неговата борба за...

РЕЗУЛТАТИ

В. Британија: Хамилтон се довлечка до победа во драматична завршница

Луис Хамилтон стигна до својата трета последователна победа од сезоната и седма на Британското Гранд При поминувајќи ја финиш линијата на 3 тркала во...

популарно

В. Британија: Хамилтон се довлечка до победа во драматична завршница

Луис Хамилтон стигна до својата трета последователна победа од сезоната и седма на Британското Гранд При поминувајќи ја финиш линијата на 3 тркала во...