Браун инсистира на промени во правилата

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Спортскиот и оперативен шеф на Формула 1, Рос Браун, ги отфрли шпекулациите кои се појавија во Турција дека не е потребна промена на правилата. 

Борбата за титулата се чини дека ќе трае до последната трка, а неочекуваните победи на Алпин и Мекларен додадоа зачин на сезоната.  Формула 1 наредната година започнува нова ера која треба да донесе подобро тркање, но многумина веруваат дека нема да има промени на гридот. 

Овој викенд слушнав гласини за промена на правилата, а во моментов имаме одлична сезона. Мислам дека многумина го занемаруваат тој факт.

Наредната година ситуацијата нема да се промени преку ноќ и сигурен сум дека со новите правила работите ќе се смират – очекува рос.

Браун верува дека новите аеродинамички правила заедно со лимитираниот буџет ќе донесат повеќе конкуренти за титулата. 

Двете титули ќе се освојат на крајот и ќе имаме една од највозбудливите сезони по долго време.

Зошто имаме ваква сезона? Нема сребрен куршум за ова, Едноставно сите веруваат во спортот. Нема сомнеж дека промената на правилата и лимитираниот буџет имаат свој удел.

Ресурсите се лимитирани и тимовите се фокусирани на новиот болид. сето тоа Тоа има свој придонес. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема