Браун: Нема показател дека Мерцедес сака да ја напушти Ф1

Главните лица во Формула 1 велат дека нема показател дека било кој од моменталните производители би се откажал од спортот од 2021 година.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Иако Мерцедес и Рено се дел од шпекулации во последните неколку месеци околу нивната иднина, Рос Браун од Ф1 сугерира дека информациите кои ги добива од тимовите велат дека тие се посреќни со каква е ситуацијата во спортот сега одколку од порано. Браун вели дека ограничувањето на буџетот ќе овозможи компании како Мерцедес да имаат сигурност околу финансиите.

Не гледам знаци дека некој ќе замине. На повеќе начини, одборите во тие тимови го сакаат тоа бидејќи им дава сигурност. Секој пат кога Тото се појавува на состанокот на одборот на директори, тој бара поголем буџет за да победи. Што би одговориле тие? Дека нема да му дадат бидејќи не сакаат да победат?

Сега ќе знаат колку ќе трошат. Ќе има контрола над трошоците.

Сакаме Ф1 тимовите да успеаат на поиздржлив начин одколку порано. Тие мислат дека е ок, но кога сте на лимит, почнувате да размислувате, а тоа не го посакуваме. Сакаме Мерцедес да сфатат која е вредноста за парите, нема шанси да престанат. Сумата која ја трошат, тие добиваат голем повраток – вели Браун.

НАЈНОВО

Одложено и Канадското Гранд При

Големата награда на Канада официјално е додадена на листата на одложени настани од Формула 1 календарот за 2020 година поради пандемијата на Ковид-19 вирусот...

популарно

Мерцедес ги поставија условите за нивното учество во Ф1

Шефот на Дајмлер, Ола Калениус, ги постави условите и правилата под кои Мерцедес би продолжиле во Формула 1. Иако никој не очекува шесткратните шампиони да...