0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Браун: О’Вард ќе биде во Мекларен уште многу години

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Извршниот директор на Мекларен, Зек Браун, вели дека тимот наскоро ќе потврди нов долгорочен договор со својот ас во ИндиКар, Пато О’Вард.

По неговата прва победа во американската тркачка серија сезонава и трета во кариерата во Барбер Моторспорт Парк минатата недела, О’Вард откри дека е на прагот да го обнови договорот со тимот на Ероу Мекларен СП.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ова следуваше по неколкумесечни шпекулации околу заедничката иднина на двете страни, бидејќи О’Вард првично беше навреден дека Мекларен ќе го тестира неговиот долгогодишен американски ривал Колтон Херта во Формула 1 болид. Сепак, недоразбирањата се надминати, а Браун се чини дека го потврди она што О’Вард го изјави минатата недела дека новиот договор е скоро готов.

Говорејќи на инаугуративната трка за Големата Награда на Мајами во Формула 1, Браун изјави за медиумите:

Нашиот договор со Пато е неизбежен. Така, ќе бидеме заедно уште многу години. Тој направи одлична работа во Барбер.

Тој сега е возач на Мекларен и на крајот останува на Андреас Сеидл, тимскиот шеф, да одлучи на Формула 1 страната какви може да бидат можностите за тестирање.

Самиот Сеидл изјави:

Од сега, на страната на Формула 1, оваа година сме обврзани со регулативите да тестираме млади возачи два пати на слободни тренинзи. Затоа имаме план на кој всушност сакаме да му дадеме шанса, да биде во болидот за овие два тренинга.

За да го направиме овој избор, имаме можност да го искористиме претходниот болид, да им дадеме шанса на младите момци да покажат што можат да направат во вистински Формула 1 болид и да ни дадат малку време да ги подготвиме што е можно поскоро. Ќе одлучиме кој на крајот ќе ги добие слободните тренинг сесии.

Само сакам да бидам јасен повторно дека во однос на поставата на возачите, ја имаме нашата возачка постава на место. Ние сме многу среќни со возачката постава што ја имаме, така што тестирањето на други возачи е повеќе за исполнување на прописите оваа година.

На прашањето дали Херта и О’Вард се сериозни опции за Мекларен на Формула 1 страната, Сеидл рече:

Тоа е нешто што ќе го видиме по проценките. Би рекол дека е многу важно да им се даде шанса, најдобриот можен пристап да се покажат, да прашаат што можат да направат во Формула 1 болид, а потоа ќе продолжиме од таму.

Повторно, во моментов има одлични можности на наша страна, очигледно сме заинтересирани да видиме кој би можел да биде следниот потенцијален возач за Мекларен.

И покрај претстојниот тест за Мекларен, Херта треба да стане возач за новиот тим на Андрети Глобал во 2024 година, доколку тимот на Мајкл Андрети добие дозвола од ФИА и актуелните Формула 1 тимови да се приклучи на гридот. О’Вард долго време негуваше амбиции да стане Формула 1 возач и тестираше Мекларен MЦЛ35M во Абу Даби минатиот Декември.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

Мекларен го купи Формула Е тимот на Мерцедес

Мекларен потврдија дека од следната Формуа Е сезона ќе станат дел од електричната тркачка серија откако договориле...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

Клетвата „Монако“ на Леклер продолжува

Лидерот во генералниот пласман, Шарл Леклер, го искрши стариот болид на Ники Лауда за време на демо...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Сеидл: Тимовите мора целосно да се вложат во развојот

Шефот на Мекларен, Андреас Сеидл, изјави дека ограничувањето на буџетот наметнато оваа година значи дека тимовите ќе...

Мекларен го купи Формула Е тимот на Мерцедес

Мекларен потврдија дека од следната Формуа Е сезона ќе станат дел од електричната тркачка серија откако договориле...

Сеидл: Безбедноста во Мајами може да се подобри

Тимскиот шеф на Мекларен, Андреас Сеидл, вели дека безбедноста на Меѓународниот автодром во Мајами може да се...