Браун сака две трки на КОТА

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Шефот на Мекларен изјави дека би сакал Формула 1 да одржи две трки во Америка доколку се прават промени на моменталниот календар. 

На календарот во моментов има 22 трки но се поголем сомнеж има околу одржувањето на прекуокеанските трки поради пандемијата. 

Трката во Сингапур беше откажана додека под знак прашање се трките во Јапонија, Австралија, Мексико и Бразил. 

Една опција како замена за трката во Сингапур е втора трка на КОТА во Остин, Тексас. 

Организаторот на трката во Америка смета дека би било добро да се одржи уште една трка на патеката. 

Зак Браун од Мекларен се согласува со ваквата идеја. 

Дефинитивно. Доколку е потребно треба да се одржат две трки и би било добро во Америка да се одржи бидејќи бројките на фановите рапидно растат. Мислам дека Тексас сакаат уште една трка и ја подржуваат таа идеја. Треба да се зголеми интересот во САД.

Браун смета дека Drive to Survive направила огромна фан база во САД и помага Ф1 да дојде до уште повеќе гледачи и фанови. 

Тоа заврши одлична работа, не само што го зголемува интересот туку носи и нови фанови. Многу луѓе кои до сега не гледале Формула 1 сега кажуваат дека нема да пропуштат трка. Тоа што го направи Либерти е одлично бидејќи серијата им даде различно гледање на спортот. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема