0,00 ден

No products in the cart.

Будковски призна дека сеуште целосно не го разбираат болидот

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Марсин Будковски, Извршниот директот на Алпин, откри дека екипата сеуште напорно работи да го разбере овогодинешниот болид откако влегоа во одлична форма на Катарското Гранд При пред две недели.

Фернандо Алонсо дојдо до подиум на Лосаил, а Естебан Окон заврши на 5то место, што беше одличен чекор кон 5то место на тимот кај конструкторите. на трките претходно, Алпин се мачеа д парираат на ритамот на АлфаТаури.

во катар, мекларен се мачеше многу повеќе од вообичаеното, а исто така и ферари. ние таму бевме пред нив, но не само поради тоа што тие имаа проблеми, туку и поради тоа што ние бевме неверојатно брзи, комбинациј од тие две работи.

но, не можам да кажам дека целосно ги разбираме нашите перформанси, но работиме на тоа – призна будковски.

По својата прва победа на Унгарското Гранд При пред летната пауза, особено многу се мачеше Естебан Окон кој освои само 12 поени на осум трки пред Катар и беше зад Алонсо речиси константно. Будковски верува дека за неговите возачи било многу тешко да го најдат оптимумот во одно на гумите на Пирели.

има работи кои не ги разбираме, морам да бидам искрен и да кажам. многу често не ги разбираме гумите затоа што тоа е главното нешто што ги менува нашите перформанси. знаеме кои делови од нашиот пакет се силни, а кои се послаби, така што дефинитивно гумите се причина и имаат големо влијание.

кога сте една до две секунди побавни како што бевме ние на некои трки, тогаш доколку не сте промашиле навистина многу со сетирањето, сигурно проблем се гумите и начинот на кој ги користите. тие се многу важен дел од перформансите во денешната формула 1 и мораме да се подобриме и подобро да ги разбереме.

но, не се гумтие виновни за се туку комбинација од неколку работи. ако гумите не се во совршено место, тогаш возачот губи верба, болидот е помалку предвидлив, времињата се побавни и се е како спирала.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема