Верстапен: Болидот оживеа на квалификациите

Макс Верстапен откри дека доминантните квалификации на кои беше најбрз во сите три сегменти се должат на подесувања кои Ред Бул ги направиле на РБ15 болидот во текот на ноќта.

Холанѓанецот стигна до својата втора пол позиција во кариерата оставајќи ги зад себе Себастијан Фетел, Луис Хамилтон и Шарл Леклер во К3 делот од 12 минути. Ова беше втор пат на последните три трки тој да има најбрзо време, но она во МЕксико му беше поништено поради непочитување на жолтото знаме.

последните неколку трки сме навистина силни. мислам дека тоа што денескаго променивме болидот во однос на вчерани помогна многу, работеше одлично, особено на квалификациите кога оживеа.

имав одличен баланс и во к2 чувството беше одлично, а потоа во к3 како што патеката стануваше се потопла беше потешко да се постави подобро време.

последниот круг беше добар, беше пристоен, но секогаш има работи кои може подобро, но овој беше доволно добар.

и вчера болидот не беше лош, но денеска се подобри и нормално е да бидеме уште подобри на трка, но тоа мораме да го видиме утре – најави макс.

Изненадувачки е и тоа што Вертапен беше подобар од Ферари во последниот сектор кој имаправец од 1,2 километри по што ја пофали Хонда која одлично напредувала со моторот, исто како и Ред Бул со шасијата.

не бев најбрз во последниот сектор, но бевме најбрзи во вториот сектор каде се најголем дел од кривините. мислам дека цела година напредуваме со моторот и со шасиајта така што мора да продолжиме така како подготовка за следнаа година. се разбира дека сум среќен и задоволен од напредокот.

НАЈНОВО

Вебер: На Ботас му недостасуваат апетит и борба

Поранешниот возач во Формула 1, Марк Вебер, смета дека на Валтери Ботас сеуште му недостасува борбеност во директните дуели споредено со Луис Хамилтон. Ботас и...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Вилнев смета дека Леклер ги задржувал Ферари сезонава

Жак Вилнев смета дека нетрпеливиот Шарл Леклер ги задржувал и забавувал Ферари оваа тркачка сезона. Никогаш недокажаниот Формула 1 првак од 1997 година смета дека...