Верстапен: Годинава беше одлична за Хонда

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, ги пофали подобрувањата кои нивниот снабдувач со мотори, јапонска Хонда, ги има направено со својот агрегат сезонава која требаше да биде година за учење.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

На почетокот на сезоната медиумите шпекулираа дека Макс бара начин да го раскине договорот со екипата од Милтон Кинс, но во моментов е убеден дека ќе има шанса да нападне за титула догодина.

веќе постигнавме одлични резултати, но сакаме да го направиме следниот чекор и да нападнеме за титула догодина.

годинава беше сезона за учење со хонда и покрај тоа направивме одличен напредок. сит ево екипата се мотивирани и сакаат да победат – најави верстапен.

Кристијан Хорнер се согласува со својот возач велејќи дека формата на тимот е добар знак за догодина.

правилата остануваат стабилни и се што имаме научено годинава можеме да го пренесеме во 2020 година.

секогаш велевме дека 2019 година е транзициска и мина одлично. можеме само да им честитаме на хонда на напредокот, а со повеќе среќа можевме да стигнеме и до повеќе победи.

треба да го пренесеме моментумот следната година, мерцедес сеуште се репер, но чувствувам како да им се доближуваме.

НАЈНОВО

По 10 извозени кругови, Саинз би се вратил во нормала

Карлос Саинз изјави дека не му се потребни повеќе од 10 кругови за да се врати во нормала при рестартот на Формула...

популарно

Ферари со 20 “коњи“ повеќе во Австрија

Ферари цели да покаже посилен мотор уште на првата трка на Ред Бул Ринг во Австрија каде италијанците ќе донесат мотор со 20 коњски...