Верстапен зајадливо: Разбирам зошто персоналот од Мерцедес доаѓа кај нас

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Макс Верстапен целосно разбира зошто персоналот на Мерцедес од одделот за мотори на шампионите преминува во новиот оддел за агрегати на Ред Бул, барајќи нов предизвик.

Во Февруари “биковите“ потврдија дека ќе го превземат Формула 1 проектот на Хонда во однос на производството на агрегати по крајот на оваа година и самите ќе си ги произведуваат моторите, налик на она што Скудерија Ферари го прави. Одтогаш почнаа градежни активности за новата фабрика, но и наоѓање персонал кој ќе биде придодаден на тимот кој ќе го превземат од Хонда. За технички шеф веќе е назначен Бен Хоџкинсон од Мерцедес, а следуваа уште пет инженери на високи позиции кои направија трансфер.

Превземањето на персонал само дополнително ја разжестува работата во нивната борба за титула годинава откако Макс Верстапен и Луис Хамилтон се најсериозни претенденти за насловот.

кога една екипа е толку доминананта толку долго време, се обидувате да земете персонал од нив, но мислам дека нашиот проект е многу интересен и сакаат да бидат дел од него. кога луѓето се на исто време долго место, бараат нов предизвик, за мене тоа е сосема разбирливо – смета верстапен.

Иако Ред Бул не одбиваат можност да работат со надворешен производител од 2025 година кога сила ќе стапат нови правила за моторите, во моментов почнаа со производство на моторот. Запрашан за тоа што точно значи сосптвен развој на моторот за во иднина, Макс дополни:

многу се разговара за тоа во екипата и сметаме дека има возбудлива иднина пред нас, иднина во која сакам да сум дел. ќе видиме каде ќе не однесе тоа.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема