- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Верстапен сениор: Цел свет ги очекува Макс и Луис во ист болид

Јос Верстапен нема ништо против да го види неговиот син, Макс, во ист болид со седумкратниот шампион Луис Хамилтон и смета дека тоа е нешто што целиот свет го очекува. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Верстапен се смета за најголем противник на Хамилтон и единствен кој може да го замени откако британецот ќе се пензионира. Но, Јос верува дека борбата е во моментов и сега само доколку имаат иста опрема. 

Исто е како што се кажува за Макс, Луис е многу силен и тоа можете да го заклучите од начинот на кој се справува со колегата.

Мерцедес му одговара на Хамилтон додека претходно во Мекларен имаше неколку години каде што нешто не му одговараше. Не може да станеш шампион ако немаш шампионски тим и шампионски болид.

Не би ми пречело да ги видам како возат во ист тим и Најдобро е да возат ист болид. Тогаш ќе споредиме кој е најдобар. Би сакал тоа да се случи бидејќи ќе биде интересна сезона – посака јос.

Верстапен сениор се сомнева дека неможноста на Макс да му конкурира на Хамилтон не е поради константноста туку е поради инфериорниот болид кој го вози холанѓанецот. 

Макс беше подготвен уште пред три години. Знаете дека Макс секогаш дава 110 проценти од себе. Како резултат ние не знаеме колку добар или лош болид возиме, можеби сме полоши од Ферари, Никој не знае.

Едно е сигурно дека треба да се спореди Макс со колегата. Алекс Албон не беше лош во картинг и другите категории, но споредено со Макс тогаш е проблем.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

РЕЗУЛТАТИ

популарно