Верстапен се сили: Луис е добар, но не е Господ

Макс Верстапен верува дека Ред Бул може да му донесе болид споосбен да се бори со Мерцедес оваа сезона, а за Луис Хамилтон смета дека е добар, но не е Господ и не е непобедлив.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ред Бул и Хонда имаа одлична прва сезона од меѓусебната соработка во 2019 година, три пати победија, така што младиот холанѓанец е инспириран за сезоната која следи. Хамилтон и минатата сезона брилјираше и дојде до својата 6та титула, но Макс смета дека работите би биле поинакви доколку го притисне британецот.

во формула 1 многу работи зависат од болидот. секак одека кога ќе го притиснете тој пред вас, станува многу потешко за него да испорача. ако никогаш немате притисок, тогаш секогаш може да возит есо 97/98% од себе, така нема да погршите и ќе имате едвај еден лош викенд цела сезона.

дури и ако почнеме со две десетинки зад мерцедес, можеме да ги притиснеме, но ако ги притиснеме од самиот почеток, ќе им биде далеку потешко – најави верстапен.

Шестата титула на Хамилтон го стави во редот на Формула 1 великаните, но Макс не се ни сомнева дека британецот може да биде победен.

луис е многу добар, дефинитивно еден од најдобрите, но далеку е од гспод, можеби господ е со него и му помага, но тоа не е тој.

Тој откри дека расположението во Ред Бул е на високо нво особено по ланската сезона и напредокот кој го имаат во текот на зимата.

лани беше добро особено ако се земе во предвид дека беше транзициска година, беше доста ветувачки. сакаме силно да ги притиснеме мерцедес од самиот старт на сезоната и мислам дека сме способни за тоа.

секако дека ќе треба да видиме, а првиот сигнал ќе бидат тестирањата, но јас сум нетрпелив, сите се “напалени“, сите се мотивирани особено по толку силна сезона како лани кога бевме навистина конкурентни.

знаеме каде треба да се подобриме, но тоа не може да биде решено за 2-3 тркачки викенди затоа што се обидовме да учиме и да разбереме подобро аз оваа година и сигурен сум дека работиме во вистинска насока. треба да се развиеме побрзо и подобро од мерцедес и ферари во текот на зимата и да поченеме силно од првата трка.

Младиот возач појасни дека неговиот тим работи најдобро кога е под голем притисок.

ситуациите кога сме во притисок како на пример во бразил, но и кога имаме тешко трки како во германија се моменти кога се гледа колку тимот е добар во однос на останатите. нетрпелив сум да се бориме и да се доближиме до конкуренцијата и сигурен сум дека ќе ги победиме.

НАЈНОВО

Волф: Можно е дополнително затворање на фабриката

Период на затворените фабрики може да продолжи поради кризата со Корона вирусот во Формула 1, смета тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф. Со цел да...

популарно

Мерцедес ги поставија условите за нивното учество во Ф1

Шефот на Дајмлер, Ола Калениус, ги постави условите и правилата под кои Мерцедес би продолжиле во Формула 1. Иако никој не очекува шесткратните шампиони да...