Верстапен: Силен почеток е клучен за успехот догодина

Макс Верстапен вели дека Ред Бул мора да ја започнат следната сезона посилно во споредба со 2019 година доколку сакаат да ја реализираат амбицијата да се борат за титула во Формула 1.

Ред Бул ја започна сезонава со заостаток во однос на Мерцедес и Ферари и не успеа да го извлече максимумот од својот болид, а Верстапен беше оставен да профитира само од грешките и проблемите на своите ривали. Но, по Австрија, каде Ред Бул и Хонда стигнаа до првата победа благодарејќи на Макс, 22-годишникот освои помалку поени само од Луис Хамилтон.

Верстапен потоа стигна до уште две победи во Германија и Бразил, а го постави најбрзото време во квалификациите на 3 настани. Перформансите се подобрија во текот на сезоната со помош на напорите на Хонда, кои ја потврдија својата иднина во спортот со Ред Бул и во 2021 година.

За мене ова беше најдобра сезона во мојата кариера. Пакетот годинава имаше проблеми на почетокот, не бевме во можност да се бориме за победи и вистински подиуми. Се обидувавме да биде постојани колку што можевме. Едноставно се надеваме дека ќе бидеме поконкурентни следната година.

Знаеме дека мора да бидеме конкурентни од самиот почеток за да може да се бориме за титула, така што сите наши напори се насочени кон тоа.

Нема да биде лесно, но мора да се обидеме и ќе дадеме се од себе.

Верстапен исто така истакна дека нема сомнеж во способностите на Ред Бул и Хонда да испорачаат силен пакет за амбициите во 2020 година.

Тие покажаа во минатото дека може да успеаат, така што не само истакнување на желби. Не е лесно. Конкуренцијата е многу силна, но како што кажав, ќе дадеме се од себе следната година бидејќи ќе биде важна година за нас, а потоа ќе видиме што ќе се случи.

НАЈНОВО

Шасијата на Алфа Ромео “падна“ на краш тестот

Алфа Ромео немаа успешен прв краш тест пред почеток на новата сезона во 2020 година. Според германскиот Motorsport-Magazin, од шасијата “не останало ништо“ и тие...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Колку чини Ф1 болид за цела сезона?

Сезоната во Формула 1 за 2019 година заврши, но тоа не значи дека нема интересна содржина која може да се сподели. Со вас ќе споделиме...