- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Вилнев смета дека Леклер ги задржувал Ферари сезонава

Жак Вилнев смета дека нетрпеливиот Шарл Леклер ги задржувал и забавувал Ферари оваа тркачка сезона.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Никогаш недокажаниот Формула 1 првак од 1997 година смета дека раната најава за сериозен напад на титула од страна на Скудерија Ферари не се реализирала како што одминувала сезоната.

многу работи во тимот зависат од хемијата помеѓу двајцата возачи. ферари никогаш не му кажа на леклер дека ова е негова прва година со тимот, а втора во формула 1 и поради тоа треба да се опушти и да учи од фетел. мислам дека на тој начин екипата ќе напредуваше повеќе одошто тоа беше случајот годинава.

наместо тоа од првата трка леклер си зацрта дека ќе им покаже кој е, колку е брз и ќе се трка со фетел поради тоа што тој е иднината на тимот.

фановите помислија дека леклер е дојден да го спаси ферари, а медиумите го величаа. тоа му наштети на себастијан исто како во времето кога беше крај рикардо во ред бул.

таквиот начин на работа не им помогна на ферари затоа што леклер не беше подготвен за таа улога. имаше пол позиции и дури и победи, но не беше подготвен за титула. целата ситуација само им наштети на скудерија.

не знам што можеше матиа биното да направи во ситуацијата, затоа што во деновите со ирвајн и баричело крај михаел шумахер му беше полесно – објасни вилнев за холандски Formule 1.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Ботас: Не смеам да си дозволам трки без поени

Финецот Валтери Ботас призна дека не смее да си дозволи уште трки без поени, како онаа на Силверстон, во неговата борба за...

РЕЗУЛТАТИ

В. Британија: Хамилтон се довлечка до победа во драматична завршница

Луис Хамилтон стигна до својата трета последователна победа од сезоната и седма на Британското Гранд При поминувајќи ја финиш линијата на 3 тркала во...

популарно

В. Британија: Хамилтон се довлечка до победа во драматична завршница

Луис Хамилтон стигна до својата трета последователна победа од сезоната и седма на Британското Гранд При поминувајќи ја финиш линијата на 3 тркала во...