0 ден

Нема производи во кошничката.

Вилнев ќе вози за Ванвал во ВЕЦ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Листата на учесници во претсојната Ендјуранс сезона станува се поголема, а имињата се поатрактивни, откако Жак Вилнев се обврза дека ќе вози за Ванвал.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Поранешниот Формула 1 првак ќе вози хиперавтомобил под знакот на славниот конструктор Ванвал во тракчката серија која ќе биде многу атрактивна сезонава. ПАртнери на првакот од 1997 година ќе му бидат Том Дилман и Естебан Гуериери во нехибриден Ванвал Вандервел 680 на тимот ByKolles Racing.

Ванвал е компанија основана од Тони Вандервал во 1954 година и беа дел од Формула 1 во првата декада на спортот, а ја освоија титулата во првата година од првенството со Стерлинг Мос и Тони Брукс. Следуваше несреќна смрт на возачот Луис-Еванс на крајот од таа сезона во Мароко и нарушено здравје на основачот, по што тимот се затвори во 1961 година.

Откако Вилнев ја напушти Формула 1 во 2006 година, имаше номадска кариера во Наскар, В8 Суперкарс, Формула Е и реликрос. 51-годишниот канаѓанец проба Алпин А521 на Монца како прослава на 25 години од неговата титула. Тој има и Инди 500 победа во 1995 година, така што ќе цели на прва победа и на друга легендарна трка, 24 часа Ле Ман.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Во моментов вкупно 13 возила се пријавени за првата година од хајперкар категоријата, значително зголемнување во однос на лани кога имаше само три хајперкар автомобили кои ги комплетираа сите трки.

Заедно со Жак, категоријата ќе содржи вкупно 8 поранешни Формула 1 возачи, вклучително Камуи Кобајаши кој си го задржа местото во Тојота и Антонио Џовинаци кои ќе вози фабрички Ферари.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ