Волф дециден: Нема преговори со Фетел

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, изјави дека “сребрените стрели“ не водат никакви преговори со Себастијан Фетел около доаѓање на четирикратниот првак во тимот следната сезона. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Се појавија гласини дека австриецот е под притисок на шефовите од Даимлер да го донесе Фетел во тимот, но се верува дека Волф ќе го донесе Џорџ Расел наредната година иако возачот на Вилијамс има и други понуди. 

За нас е прашање што ќе правиме со Џорџ Расел. Тоа е опција за во иднина – најави тото.

Но, засега Волф останува со моменталните возачи чии договори истекуваат оваа година. 

Остануваме лојални на нашите возачи и не влегуваме во прерани преговори бидејќи не е започната сезоната. Доколку погледнете, имаме повеќе опции. 

Некои веруваат дека Волф ја разгледува опцијата со Фетел, само за да го испочитува германскиот шампион. 

Од германска гледна точка тоа е одлично, Но мора да останеме верни на нашиот тим и лојалноста е една од нашите вредности. Го знам како човек кој е многу искрен и има слични вредности како моите. Тој е четирикратен шампион и не треба да зборуваме за неговите перформанси. 

НАЈНОВО

Рокит му должи 10 милиони фунти на Вилијамс

Откако минатата недела беше објавено дека соработката помеѓу Вилијамс и нивниот главен спонзор, Рокит, прекува веднаш, тимот потврди дека нивните обврски кон спонзорот биле...

популарно

Ферари со 20 “коњи“ повеќе во Австрија

Ферари цели да покаже посилен мотор уште на првата трка на Ред Бул Ринг во Австрија каде италијанците ќе донесат мотор со 20 коњски...