Волф: Мерцедес нема да брка други топ возачи за 2021

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, вели дека неговиот тим нема да “брка“ други топ возачи за 2021 година додека не ја дознаат одлуката на Луис Хамилтон.

Пазарот на возачи започна веќе викендов во Абу Даби по шпекулации од италијанските медиуми дека Џон Елкан имал неколку контакт со Луис Хамилтон. Тоа доведе до одговор од Волф, кој вели дека тие немаат ништо против Хамилтон да разговара со Ферари и објасни дека е важно идните дискусии да бидат транспарентни.

Ако Хамилтон си замине, Макс Верстапен од Ред Бул ќе биде фаворит да го замени доколку холанѓанецот смета дека германците може да му понудат подобри шанси во иднина.

Волф вели дека Мерцедес нема да повикува возачи се додека дознаат што ќе се случи со Хамилтон.

Мислам дека вредноста во тимот е што лојалноста и интегритетот се апсолутно број 1 на листата. Позицијата на Луис и целите ќе бидат клучни за било каква одлука.

Нема да почнеме да бркаме потенцијални возачи пред да ја дознаеме одлуката на Луис. Тоа не се случило сеуште бидејќи сакавме да ја завршиме сезонава, а потоа ќе видиме како ќе оди.

Бидејќи имаме двострана врска, треба двете страни да се среќни.

НАЈНОВО

По трансферот во Ред Бул, Албон повеќе не се чувствувал како дебитант

Александер Албон откри дека неговиот трансфер во Ред Бул му одзел дебитантското чувство кое го имал во Торо Росо оваа сезона, која за него...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Вилнев смета дека Леклер ги задржувал Ферари сезонава

Жак Вилнев смета дека нетрпеливиот Шарл Леклер ги задржувал и забавувал Ферари оваа тркачка сезона. Никогаш недокажаниот Формула 1 првак од 1997 година смета дека...