Волф подготвува нова позиција за Д’Амброзио

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, навести поголема улога на Жером Д’Амброзио во Мерцедес, но сепак не го става на листата за потенцијална негова замена како шеф на тимот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Д’Амброзио се појави во гаражата на Мерцедес во Бахреин и сега е присутен во Џеда, за прв пат во облека со тимски обележја.  Тој ќе ја води програмата за млади возачи и ќе превземе некои од улогите на Џејмс Воулс. 

Во структурата на Брекли, Жером ќе превземе некои од работите на Џејмс во работата на стратегијата. Мислам дека ќе расте во организацијата. 

Тото Волф откри дека своевремено сакал да му биде менаџер на Д’Амброзио пред да дојде во Формула 1. 

Го знам многу долго, уште од деновите кога беше во програмата за возачи на Рено и размислував да му бидам манаџер, Но тоа беше пред 15 или 20 години и подоцна тој се откажа од програмата.

Никогаш не сум го гледал на друг начин освен како негов менаџер. Мислам дека Сузи му понуди да излезе од болидот и да менаџира и тој тоа го прифати веднаш и работеа одлично.

Знае што треба да се биде тркач и бил шампион во картинг. Во Формула 1 е потребно искуство како менаџер, Но сеуште е рано за тоа прашање. Сега ќе работи со млади возачи и административни функции и ќе видиме како ќе оди тоа. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ф1 промоции 2023

популарни вести

НАЈНОВИ ВЕСТИ