- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Волф: Постои 25% шанса за Луис да заврши во Ферари

Тото Волф верува дека има 25% шанса за Луис Хамилтон да ги напушти Мерцедес и да премине во Ферари за 2021 година.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

За време на последната трка во Абу Даби се засилија шпекулациите кои го носеа Луис во Маранело, а се дозна дека тој два пати имал состанок со Џон Елкан, Претседателот на Ферари. Биното ги подгреа шпекулациите со својата изјава дека е убаво што возачот е слободен од 2021 година, додека Волф откри дека не би го спречувал Луис дококлу сака да замине.

лично би проценил, ова го кажувам само од свое име, дека има 75% шанса луис да остане кај нас.

ја давам таа бројка затоа што сметам дека рационално и реално се говори дека врската треба да се продолжи на корист на двете страни, но постои и 25% шанса да немаме контрола врз целиот процес. ќе видиме што че донесат следните неколку месеци.

по мене, се додека сме во можност да произведеме брз болид и моќен мотор ќе имаме право да одлучуваме кој ќе вози во нашиот тим, а тоа несомнено ќе биде луис. ќе се обидам да го задржам луис, но најважно е да имаме добар болид за да го задржиме правото на избор.

знам дека сите сакаат да имаат колку што може подобар тандем возачи од 2021 година, но има цела година до тогаш. сезоната на шпекулации почна прерано, а веројатно кон крајот на следната година ќе се знае се – изјави волф.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Рикардо: Сакаме да ја искористиме секоја шанса

Возачот на Рено, Даниел Рикардо, изјави дека тимот сака да биде во позиција да ја искористи секоја шанса викендов во Австрија на...

РЕЗУЛТАТИ

Австрија: Возбуда “на кило“ и безгрешен Ботас

Не беше залудно чекање од 217 денови за почеток на Формула 1 сезоната затоа што Австриското Гранд При донесе луда, неизвесна, возбудлива трка и...

популарно

Шестмина возачи не клекнаа пред трката

Шест од вкупно 20 Формуал 1 возачи одбраа да не клекнат пред стартот на трката како гест за поддршка на борбата против расизмот и...