0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Волф: Не смееме да бидеме како НФЛ и да ризикуваме потскокнувањето

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Тото Волф верува дека ФИА не смее да се најде во ситуација како НФЛ и да се доведе во прашање безбедноста на возачите. 

ФИА ќе донесе нови правила на следната трка во Белгија за да го намали потскокнувањето како подготовка за пообемно справување со проблемот за наредната година. Многу возачи се пожалија дека нивната безбедност е загрозена, а некои екипи го доведоа под знак прашање тоа дали се работи за безбедност или некој не си ја завршил домашната работа и сака на овој начин да се доближи.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, откри дека ФИА не смее да ги игнорира прибраните податоци за потскокнувањето како што тоа се случи во НФЛ каде многу од спортистите имаа долготрајни оштетувања на главите поради многуте удари во спортот. 

Едноставно е, или ќе ја направиме работата што треба или ништо нема да направиме. ФИА има многу податоци и знаат дека може да има оштетувања на мозокот и поради тоа не смее да не направи ништо и да ги остави работите така.

Ова е медицинско прашање кое треба да се одговори. Никој не смее да манипулира со ФИА. Од ГДПА дадоа изјави и возачите дадоа анонимни изјави, Беа консултирани специјалисти и доктори и резултатот е дека ова има долготрајни последици. ФИА не смее да се најде во ситуација како НФЛ. 

Претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулајем, на твитер најави дека ќе има нови технички правила за 2023 година, но не е јасно дали ќе има промени на подот. Кристијан Хорнер од Ред Бул изјави дека одреден тим, мислејќи на Мерцедес, лобирал за промена на правилата, но Волф смета дека промената е доста различна од тоа што се барало и дека тоа нема врска со подобрената форма на Мерцедес. 

Можеме да кажеме дека денес решивме некои проблеми и не треба да се направат измени, Но потскокувањето останува и мора да се реши. можеби некои тимови го решија, но одамна не сме биле на патека каде тоа доаѓа до израз. Мора да се превенира тоа наредната година. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

Перез казнет, но ја задржува победата

Серхио Перез може да продолжи со прославата на својата победа во Сингапур по конечната одлука на стујардите. Возачот...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Хорнер незадоволен удри по клеветите од Мерцедес и Ферари

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, одговори на тврдењата од ривалите по шпекулациите дека “биковите“ го...

Волф ја објасни причината за испаѓањето на Расел

Џорџ Расел ги изненади сите со испаѓањето во вториот квалификациски дел во Сингапур поради проблем со педалот...