Волф ја нарече Формула Е “Супер Марио Карт“

Тимскиот шеф на Мерцедес, Тото Волф, вели дека електричната серија Формула Е е како “Супер Марио Карт со вистински возачи“, но досега му се допаѓа искуството.

Мерцедес влегоа во серијата со сопствена екипа за прв пат во 2019-2020 година, превземајќи ја постоечката екипа на ХВА Рејслаб. Волф беше присутен на првата трка од сезоната изминатиот Ноември и изгледаше дека ужива во искуството додека следел реална верзија на Супер Марио Карт.

Навистина уживав во искуството, морам да признаам. Никогаш не сум бил во Саудиска Арабија порано и почетокот на нашето патешествие во Формула 1 беше многу посебно. Публиката беше феноменална. Тркањето е многу поинакво од Формула 1, јасно се забележува тоа. За мене, тоа беше како Супер Марио Карт со вистински возачи, но апсолутно беше потребно да се даде шанса на серијата.

Возачкиот тандем на Мерцедес се состои од Стофел Вандорн и Ник де Врис. Вандорн моментално води во пласманот со 38 поени, додека де Врис е на 11то место, со 18 поени. Мерцедес се пласирани на второто место, само 4 поени позади БМВ и Андрети Моторспорт, кои водат со 60 поени.

Ник веќе имаше голем удел во перформансите на тимот. Тој е многу зрел, а со неговиот карактер добро се совпадна во тимот покрај Стофел. Ги поставивме нашите амбиции со реална цел, кој ја надминавме и двајцата возачи придонесоа кон тоа – вели Волф.

НАЈНОВО

Кими и Алфа незагрижени од црвеното знаме

Кими Раиконен и Алфа Ромео немаат официјално објаснување за црвеното знаме кое го предизвика финецот за време на вториот тест ден, во кој патем...

популарно

Вилнев го бендиса новиот Ферари

Жак Вилнев е задоволен од она што го гледа кај новиот Скудерија ФЕрари СФ1000 и смета дека италијанците направиле чекор во вистинска насока. Праволиниската брзина...