Волф ја подржал одлуката да не се менуваат гуми кај Хамилтон

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Тото Волф изјави дека целосно ја подржува и стои зад одлуката да не ги заменат гумите на Хамилтон пред рестартот во Унгарија.

Слабиот дожд ги натера сите тркачи да заменат ги интермедиа гумите со мазни, но патеката се исуши за време на црвеното знаме по сударите од првиот круг. Пред рестартот 14 од 15 возачи влегоа да менуваат гуми, но не и Хамилтон.

Во бизарна ситуација, Хамилтон беше оставен сам на гридот за стоечки старт. Тој на крајот на кругот влезе да ги замени гумите поради што падна на последна позиција.

Мислам дека беше правилна одлука и ја подржувам. На крајот ти ја носиш одлуката дали е суво или не. Мислам дека не беше можно да се исуши толку брзо, но тоа се случи и вината е наша.

одлуката беше исправна. Калкулиравме дека ќе излеземе на шесто место поради тоа што сите веќе имаа променето, Но тоа не се случи и ние научивме од тоа.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема