- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Во Вилијамс врие од нови спонзори, дојде и Royal Bank of Canada

Формула 1 тимот на Вилијамс обезбеди уште еден нов спонзор во своето канадско порфолио на поддржувачи и партнери, овој пат се работи за Royal Bank of Canada која ќе биде присутна во Гроув оваа тркачка сезона.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Тимот ја имаше најлошата сезона минатата година со само еден освоен поен, а на крајот на сезоната остана без својот втор најголем спонзор ПКН Орлен, кој заминаа заедно со својот возач Роберт Кубица во Алфа Ромео. Потоа следуваше и заминување на британскиот гигант Унилевер кои преку својот бренд Рексона беа долго време пристуни на болидот на тимот.

Сепак, се чини дека ангажманот на Николас Латифи зад кој стои неговиот моќе и пребогат татко, Мајкл Латифи, се исплати за екипата. Најпрво Софина Фудс, компанијата на Латифи постариот, објави дека станува нов спонзор на тимот, а нив експресно ги следеше и Лаваца кои се лични спонзори на Николас.

Најнова компанија која ќе го поддржи тимот догодина е Royal Bank of Canada чие лого ќе биде видливо на носот на екипата како и на костимите на возачите и персоналот.

воодушевени сме што РБЦ ќе биде нов спонзор на тимот за 2020 година. формула 1 е светски спорт и горди сме што имаме за партнер глобална финансиска институција која е пасионирана да им помогне на младите атлети да успеат во сите врсти на спорт – изјави клер вилијамс.,

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Ботас: Не смеам да си дозволам трки без поени

Финецот Валтери Ботас призна дека не смее да си дозволи уште трки без поени, како онаа на Силверстон, во неговата борба за...

РЕЗУЛТАТИ

В. Британија: Хамилтон се довлечка до победа во драматична завршница

Луис Хамилтон стигна до својата трета последователна победа од сезоната и седма на Британското Гранд При поминувајќи ја финиш линијата на 3 тркала во...

популарно

В. Британија: Хамилтон се довлечка до победа во драматична завршница

Луис Хамилтон стигна до својата трета последователна победа од сезоната и седма на Британското Гранд При поминувајќи ја финиш линијата на 3 тркала во...