0,00 ден

No products in the cart.

Во Мелбурн се свесни дека откажување на следната трка ќе биде крај за нив

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Шефовите на Австралиското Гранд При се свесни дека доколку и следната година дојде до откажување на нивната Гранд При трка, ќе ја загубат Формула 1 во својот град.

Трката лани беше откажана на неколку часови пред првата тренинг сесија по неколку позитивни случаи во падокот, додека овогодинешното издание најпрвин беше одложено, а потоа и дефинитивно откажано.

Континентот има едни од најтешките рестрикции во однос на влез во земјата во текот на пандемијата. Тенискиот Австралија Опен се одржа, но учесниците мораа да издржат 14-дневен каранин при влез во земјата. Такво нешто е неможно за Формула 1 поради природата на спортот.

Австралиското Гранд При догодина е закажано за 10 Април како трета трка од распоредот. Земјата полека ги олабавува забраните, држават Нов Јужен Велс е прва во тоа, иако се далеку од нормализација.

Главниот извршен директор на Австралиската Гранд При корпорација, Ендру Вестакот изјави:

за мелбурн ќе биде ситуацијата “да се биде или не“. мислам дека ќе бидеме под голем ризик со оглед на тоа колку места ма во формула 1 калндарот и поради тоа трпението може да заврши.

така, ако не успееме да ја организираме трката следнта година, тогаш формула 1 ќе го има секое прво да бара организација на друго место, алтернативи на мелбурн – свесен е вестакот.

Тој откри и дека има силни гаранции од министерот за спорт и туризам кој е надележен за настанот. Договорот на Мелбурн е валиден до крајот на 2025 годниа, а трката е дел од календарот од 1996 година.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема