- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Во Хаас чувствуваат чест и притисок поради Шумахер

Доаѓањето на младиот Мик Шумахер во Формула 1 е чест за Хаас, но и притисок за американската екипа. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Младиот Шумахер ја освои титулата во Формула 2 и сега доаѓа во Хаас каде ќе биде колега со Никита Мазепин. Инаку тој е син на седумкратниот шампион Михаел Шумахер и во спортот се појавува по девет години од пензионирањето на татко му. 

Шефот на Хаас, Гунтер Стаинер, смета дека е голема чест што Шумахер ќе вози за нив и враќањето на семејството Шумахер на гридот, но сепак не треба да се занесат со тоа. 

Името на Шумахер е легендарно во Формула 1. Да го добиеме неговиот син е фантастична чест за нас. Се сеќавам кога возеше Михаел порано и сега го имаме неговиот син во тимот.

Мислам дека сме млад тим и што и да направиме ќе се обидеме повторно како што е најдобро. Да го имаме Мик е голема чест и притисок за сите нас. Јас сум свесен за тоа. Ќе дадеме се од себе – вели стаинер.

Шумахер е дел од Ферари академијата, а Хаас е тим близок на Ферари. 21-годишниот возач ја освои титулата во Формула 2 во последната трка во Бахреин каде ги победи Калум Илот и Јуки Тсунода. Стаинер смета дека победата му донела тежина на доаѓањето на Шумахер во Формула 1. 

Тоа е голема работа и мислам дека самодовербата му е на високо ниво. Како и секој шампионат сите имаме добри и лоши години. Мислам дека оваа година бевме конкурентни. Се боревме до крај. Тој ќе има сега шанса да се докаже во Ф1. Тоа што е шампион од Формула 2 му помага во Формула 1. 

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

РЕЗУЛТАТИ

популарно