Вработени во Вилијамс на принуден одмор, менаџментот со пониски плати

Од екипата на Вилијамс потврдија дека поголем дел од нивните вработени се испратени на принуден одмор, додека нивните возачи и врвниот менаџмент ќе добијат пониски плати.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Како што пандемијата од КОВИД-19 продолжува да влијае над Формула 1, тимовите очекуваат финансиски потешкотии поради недостаток на приходи поради откажаните трки. Мекларен беа први кои официјално ја искористија понудата на британската влада за помош, во која тие ќе исплаќаат 80 проценти од платтите, максимум од 2,500 фунти месечно.

Вилијамс потврдија дека исто така ја одбрале истата насока, а исто така потврдија дека врвниот менаџмент ќе добие намалување на платите, вклучувајќи ги и Џорџ Расел и Николас Латифи.

Поради ситуацијата со КОВИД-19, тимот на Вилијамс моментално ќе испрати повеќе од своите вработени на принуден одмор како обид да се намалат трошоците. Периодот ќе трае до крај на Мај, додека нашиот врвен менаџмент и возачи ќе земат пониска плата за 20 проценти почнувајќи од 1 Април.

Овие одлуки не се едноставни, сепак нашата цел е да ги заштитиме работните места и да се осигураме дека сите ќе може да се вратат на полно работно време откако ќе заврши ситуацијата – изјави Клер Вилијамс.

НАЈНОВО

Рокит му должи 10 милиони фунти на Вилијамс

Откако минатата недела беше објавено дека соработката помеѓу Вилијамс и нивниот главен спонзор, Рокит, прекува веднаш, тимот потврди дека нивните обврски кон спонзорот биле...

популарно

Ферари со 20 “коњи“ повеќе во Австрија

Ферари цели да покаже посилен мотор уште на првата трка на Ред Бул Ринг во Австрија каде италијанците ќе донесат мотор со 20 коњски...