Втората сезона од Drive to Survive на 28 Февруари

Втората сезона од ултра успешната Drive to Survive на Нетфликс ќе излезе порано од очекувањата откако Нетфликс објавија дека серијата ќе биде достапна од 28 Февруари.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

По успешната прва сезона, Формула 1 ведна објави дека постигнале договор со Нетфликс и за втора сезона, во која за разлика од првата, екипата на стриминг сервисот ќе има пристап и до Мерцедес и Ферари. Двете најсилни екипи во моторспортот забранија снимање кај нив во 2018 година.

Датум на премиера на серија е 9 денови порано одошто првата сезона, но и првенството во 2020 година почнува порано. Првичната објава стигна од францускиот профил на Нетфликс, но лани серијата беше симултано достапна за гледање насекаде низ светот.

Малку детали се познати за новата сезона освен тоа дека Ферари и Мерцедес ќе учествуват во истата, но и дека хаотичното Германско Гранд При ќе има централно место како и емотивната победа на Шарл Леклер во Монца и подемот на Алекс Албон од Торо Росо во Ред Бул.

НАЈНОВО

По 10 извозени кругови, Саинз би се вратил во нормала

Карлос Саинз изјави дека не му се потребни повеќе од 10 кругови за да се врати во нормала при рестартот на Формула...

популарно

Ферари со 20 “коњи“ повеќе во Австрија

Ферари цели да покаже посилен мотор уште на првата трка на Ред Бул Ринг во Австрија каде италијанците ќе донесат мотор со 20 коњски...