- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

В. Британија: Хамилтон се довлечка до победа во драматична завршница

Луис Хамилтон стигна до својата трета последователна победа од сезоната и седма на Британското Гранд При поминувајќи ја финиш линијата на 3 тркала во екстремно драматична завршница на трката во Силверстон.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Светскиот шампион стартуваше од пол позиција и успеа да ја контролира трката без многу потешкотии и притисок од Валтери Ботас, кој исто така имаше пукнатина во левиот пневматик на 2 круга пред крајот возејќи на втората позиција. И Хамилтон го имаше истиот проблем во последниот круг, но успеа да стигне до својата 87 победа во кариерата пред Макс Верстапен и Шарл Леклер.

Возачот на Ред Бул ја изгуби шансата за победа откако тимот одлучи да го внесе во бокс по нови пневматици за да освои уште еден поен за најбрз круг. Шарл Леклер заврши на третата позиција како најдобар од Ферари, додека Ботас се пласираше надвор од поени.

Трката започна мошне возбудливо од самиот старт со блиски дуели помеѓу тимовите од средината, првично со напад на Леклер над Верстапен, а потоа и дуели помеѓу возачите на Мекларен и Рено подолу на гридот. Во четвртиот круг Алек Албон на погрешно место во последниот свиок се обиде да го претекне Кевин Магнусен од Хаас, удри во задниот дел од болидот на данецот и го испрати во заштитните бариери.

Тој инцидент го означи првото безбедносно возило, а по рестартот дуелите продолжија во средината. Безбедносното возило имаше и втор настап на трката, откако задниот десен пневматик на Даниил Квјат откажа при влезот во Маготс и Бекетс, по што возачот на АлфаТаури заврши во заштитните бариери. Во овој период сите возачи влегоа во боксот за промена на пневматиците.

Тимот на Хаас се одлучи да го остави Роман Гросжан на патеката, а по рестартот тој беше на шестата позиција. Сепак, немоќноста на моторот на Ферари во болидот на Хаас дозволи тие позади него постепено да го претекнат, иако самиот Гросжан покажа добри одбранбени способности. Стјуардите сепак сметаа дека бил преагресивен и го предупредија за менување на правец при сопирање во два случаи, против Ландо Норис и Даниел Рикардо. Во вториот случај сеуште е под истрага.

Од средината на трката кон крајот, атмосферата опадна без премногу акција. Но на 10 кругови до крајот, возачите полека почнаа да се жалат на проблеми со пневматиците, а Валтери Ботас беше еден од нив. На само четири кругови до крајот, откажа пневматикот на Ботас по првиот свиок, по што мораше цел круг полека да вози назад до боксовите. Тоа ги примора Ред Бул да реагираат и да го внесат Верстапен во бокс по нови пневматици за да атакува кон најбрз круг. Одлуката се покажа како погрешна, но кој би знаел дека истото ќе му се случи и на Луис Хамилтон во последниот круг.

Во 52от круг ваков проблем искуси и Карлос Саинз, што пак му овозможи на Даниел Рикардо да се пласира на 4то место во трката.

Следниот викенд Формула 1 повторно ќе вози во Силверстон, но судејќи по реакцијата на пневматиците овој викенд, а земајќи предвид дека следниот ќе се користат помеки компонентни, може да се каже дека не очекува уште повозбудлива трка.

Ова е конечниот пласман по Британското Гранд При:

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Хорнер: Потисната сила во 2021 треба да биде уште помала

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, смета дека ФИА требала уште повеќе да ја намали потисната сила на болидите за 2021...

РЕЗУЛТАТИ

Тоскана: Лу-Ди-Ло на Муџело во кое Хамилтон победи

Доколку Формула 1 шефовите сметаат дека Тосканското Гранд При ќе биде во календарот само оваа година мора да смислат многу добра причина за тоа...

популарно

Вебер предупредува: Леклер може да замине во иднина

Марк Вебер смета дека падокот треба да внимава на Шарл Леклер затоа што со заминувањето на Себастијан Фетел од тимот, младиот возач од Монако...