Габриел Леоне ќе го игра Сена во серијата на Нетфликс

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Нетфликс потврди дека одбрале кој глумец ќе го игра Аиртон Сена во серијата која ќе се снима посветена на животот на трикратниот првак.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Во 2020 година беше потврдена дека најголемиот стриминг сервис во светот ќе сними мини серија за животот на легендарниот бразилец, а сега Нетфликс потврди дека Габриел Леоне ќе биде главниот глумец на кого ќе му припадне честа да го глуми еден од најголемите во историјата на Формула 1.

Првичниот план беше да се снимат осум епизоди, но во моментов поверојатно е дека ќе има 6 продолженија.

Аиртон го имаше своето Ф1 деби во 1984 година и имаше громен успех во тркањето стигнувајќи до три титули со Мекларен. Беше препознатлив по фантастичната брзина во текот на еден круг и безмилосноста во борба на патеката, а неговото ривалство со Алан Прост е епско. Животот го загуби во 1994 година во Сан Марино откако со огромна брзина влета директно во оградата крај свиокот Тамбурело.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Во 2010 година беше објавен документарец едноставно насловен како “Сена“ за неговиот живот и доби награда БАФТА.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ф1 промоции 2023

популарни вести

НАЈНОВИ ВЕСТИ