0,00 ден

No products in the cart.

Гасли задоволен: Многу, многу добар Петок

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Пјер Гасли беше задоволен по првите две петочни тренинг сесии на Џеда Корниш патеката кои беа одлични за тимот на АлфаТаури во целост.

Французинот постави 4то време на дневната сесија, беше позиција подобар на втората и пред Макс Верстапен.

морам да кажам дека навистина уживав во оваа патека која е навистина многу брза. минуваме низ кривините лудачки брзо, адреналинот е многу голем, а ние имавме одличен ден, бевме 4ти утрото, а 3ти попладнето и задоволен сум од брзината и ритамот, иако на долигите серии ни треба уште.

свесни сме дека во сабота вообичаено добро ни оди и поради тоа верувам дека ќе имаме одлични квалификации, но мораме да најдеме уште перформанси и да работиме на тоа – најави гасли.

Задоволен од денот беше и дебитантот Јуки Тсунода, јапонецот кој ретко кога не стартува со непознаница за патеката.

се на се беше добар ден, а римот беше навистина добар. првиот сектор беше особено добар, никогаш не сум возел по патека со вакви кривини и навистина е посебно. 13та кривина е целосно нова за мене, а последните два сектори се многу поразлични од првиот, но уживам насекаде.

морам да се адаптирам на различните компоненти гуми, најтврдата беше добра, но најмеката не ја чувствував добро. се на се изгледаме силно иако не успеав добро да ги пробам симулациите на трка.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема