Гасли мислел дека ќе му заврши кариерата со Ред Бул

Пјер Гасли изјави дека се плашел оти неговата Формула 1 кариера ќе завршела набргу по промоцијата во Ред Бул која се претвори во мизерија и на крај доведе до негов трансфер назад во Торо Росо.

Французинот беше повикан во сениорската екипа по заминувањето на Даниел Рикардо во фабричката екипа на Рено, но ја започна сезоната слабо, завршувајќи надвор од поени на дебито во Австралија по елиминација во првиот сегмент од квалификациите. Неможноста да го претекне Квјат со Торо Росо во Мелбурн беше само предзнак за неговите потешкотии кои следеа, борејќи се во средината, додека Макс Верстапен ги притискаше Мерцедес и Ферари.

Шампионот од ГП2 во 2016 година беше испратен во Торо Росо во летниот период, а Александер Албон го превзеде неговото место, но Гасли успеа да ја врати самодовербата и стигна до својот прв подиум во Бразил по одлично возење во хаотична трка. 23-годишниот не отпиша враќање во Ред Бул во иднина, но вели дека ќе биде потребен поинаков пристап од него и од тимот.

Во пониските категории, секогаш се пласирав во топ 3. Секако дека не успеав во тоа во првата сезона со Торо Росо, но беше добро. Шесте месеци во Ред Бул, беа доволно да ги поништат сите мои резултати. За малку ќе ме чинеше мојата кариера.

Сите сме одговорни за недостатокот на перформанси. Секако дека можев да направам повеќе работи поинаку, но има работи кои и тимот можеше да ги направи поинаку. Ако се повтори шансата, сакам да видам промена кај двете страни.

НАЈНОВО

ФИА ја сподели анализата од фаталниот судар на Хубер

Одделот за безбедност при ФИА ја заврши својата истрага во минатогодишниот фатален судар во Формула 2, по која сите инволвирани се сметаат за невиновни...

популарно

Ферари го решиле проблемот со болидот

Познатиот Лео Турини, инсајдер со темелно познавање на состојбите во Ферари, откри дека во Маранело се на вистински пат со својот болид откако минатиот...