- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Гасли се надева на МотоГП ниво на конкурентност

Пјер Гасли се надева дека Формула 1 за одредено време ќе има ниво на конкурентност како МотоГП првенството откако ќе бидат воведени новите правила од 2022 година.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Формула 1 ќе воведе нова техничка регулатива од 2022 година со цел да се подобри спектаклот и да овозможи поконкурентно тркање. Од 2021 година исто така ќе биде воведено и ограничување на буџетот со цел да изедначи финансиската состојба помеѓу 10те тимови.

Се надевам дека ќе видиме нешто слично на МотоГП, каде мојот добар пријател Фабио Куартараро на пример, е во приватна екипа која се бори за титула. Тој освојува пол позиции и победува на трки.

Да, мислам дека тоа би било неверојатно ако видиме нешто слично во Формула 1.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

РЕЗУЛТАТИ

популарно