Грин најавува двоен дифузер за 2021

Техничкиот шеф на Рејсинг Поинт, Енди Грин, очекува многу уновации меѓу кои и двојниот дуфизер да се појават на гридот со новите правила од 2021 година.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Во својата изјава за германски Auto Motor und Sport тој вели дека сите екипи ќе сакаат да ги истражат новит еправила и евентуалните “сиви зони“ кои одат со нив.

мислам дека правилата се кршливи и дека има области кои може да се искористат. можам и да се обложам дека нешто слично како двојниот дифузер ќе се појави – смета грин.

Инженерот е сигурен дека во прв момент ФИА нема да може да спречи слични ситуации затоа што тимовите нема да ги известуваат надлежните “сиви зони“ туку напротив, ќе сакаат д ги искористат во своја полза.

фиа сака да им даваме повратна информација, но не мораме да го правиме тоа. правилата може да се подесат и променат следната година и не може да казните некој затоа што завршил подобра работа од другите.

Новите правила секако дека се одлична можност за помалите екипи како Рејсинг Поинт, да се приближат до водечките, но Грин признава дека не е обожавател на правилата и дека болидите ќе бидат многу тешки.

ќе ни недостасува ограничувањето на тежината и мислам дека болидите нема да бидат добри за возење. сакав нешто ново, нешто возбудливо. мораме да имаме целосно нова генерација возбудена и нетрпелива за спортот, со спротивно нема да постоиме ушт едолго. но, со овие правила не гледам многу возбудени лица.

НАЈНОВО

Одложено и Канадското Гранд При

Големата награда на Канада официјално е додадена на листата на одложени настани од Формула 1 календарот за 2020 година поради пандемијата на Ковид-19 вирусот...

популарно

Мерцедес ги поставија условите за нивното учество во Ф1

Шефот на Дајмлер, Ола Калениус, ги постави условите и правилата под кои Мерцедес би продолжиле во Формула 1. Иако никој не очекува шесткратните шампиони да...