Гросжан: Индикар е физички многу потешка од Ф1

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Роман Гросжан, веќе поранешниот Формула 1 возач, откри дека возење Индикар болид е многу потешко одошто управување со Ф1 машинарија.

И покрај хорор сударот кој лани го имаше во Бахреин кога болидот му се преполови на два дела и му се запали, фрацнузинот откри дека не размислувал за откажување и оваа година ќе се трка во американски Индикар.

најголем разлика помеѓу формула 1 и индикар би рекол дека е тоа што американските болиди немаат серво управување и тоа дава целосно различно чувство додека се вози. индикар  многу потешко се вози од формула 1 во однос на напорот со рацете и топлината во болидот.

секако, полесно е на вратот затоа што г-силите се помали, но болидот многу повеќе се движи, а јас сум всушност најмногу импресиониран од гумите. може да напаѓате и да се забавувате и не мора да мислите на менаџирање и чување на пневматиците – откри роман.

Поранешниот возач на Хаас и на Рено исто така откри дека аероскрин додатокот за заштита на кокпитот, измислица на Ред Бул која се користи наместо хало во Индикар, е нешто на кое лесно се привикнал.

сите ме прашуваат околу аероскрин, но разликата со хало е навистина мала и навистиа не го ни приметувам дека е тука. единстено нема потреб да се чисти визирот од кацигата толку често.

болидите се навистина забавни за возење, но имам уште многу да учам да бидам брз затоа што се возат поразлично одошто во формула 1. почнувам подобо да ги разбирам работите и мислам дека ќе биде добро.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема