- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Гросжан се подготвува за непознатото

Роман Гросжан не возел Формула 1 болид од Март поради што признава дека во пресрет на сезоната се чувствува како да оди “на слепо“.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Поминаа помалку од четири месеци откако спортот реши да го откаже Австралиското Гранд При само два часа пред почеток на петочниот тренинг, а следуваа откажувања на сите први 10 трки од овогодинешниот календар. Спортот направи ревизија и објави густ прв дел од сезона со осум трки на шест локации, а следниот викенд ќе биде почеток на сезоната.

На сила ќе бидат многу нови протоколи, трките ќе се одвиваат без публика, а многу од вообичаените работи како гужвата пред стартот и церемонијата по финишот нема да ги гледаме.

времето без трки го минав со сопругата и децата и беше одлично што минавме толку време заедно. успеав да основам и екипа за виртуелни трки, а и самиот почнав за забава да возам такви трки.

физички сум подобро подготвен од било кога, но јасно е дека вратот е делот кој никогаш не може совршено да биде подготвен. ментално сум исто така одличен и нетрпеливо чекам да се вратиме на тркањето. не сум имал шанса да тестирам како некои други екипи, но мислам дека тоа нема да биде голем проблем во пресрет на трката во австрија – изјави гросжан.

Запрашан дали врзаните трки ќе им бидат од корист на Хаас поради фактот што првите две ќе се возат на иста патека, Роман смета дека автодромот не одговара многу на нивниот болид.

ред бул ринг не одговара многу на нашиот болид и не мислам дека по тие две трки ќе можеме да претпоставиме до каде сме. се надевамдека ќе работиме добро таму и ќе ја почнеме сезоната со некаков успех.

ќе биде многу различно, ќе недостасува поддршката од фановите од трибините и ентузијастичката атмосфера која ја носат на тркачкиот викенд. ќе биде чудно и поинакво, но ќе мораме да се привикнеме. ќе се тркаме, а тоа е најважно за сите и се надеваме дека вратите за публиката нема многу долго да останат затворени.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Оштетеното предно крило на Макс направило проблем

Ред Бул открија дека откачениот страничен дел од предното крило на болидот на Макс Верстапен за време на трката на Ред Бул Ринг се...

РЕЗУЛТАТИ

Штаерска: Доминантна 1-2 на Мерцедес и пропаст во Ферари

Откако стана првиот возач кој 14 сезони по ред освојува пол позиција на некоја трка, Луис Хамилтон дојде и до својата 85та победа во...

популарно

🎥 360 степени од болидот на Албон … Луис за казна си

Формула 1 ја објави снимката од камерата со приказ од 360 степени од болидот н Алекс Албон на која се гледа како младиот британец...