0 ден

Нема производи во кошничката.

Давидовски заслужено до историски и светски настап во WTCR

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Доколку успесите во 2022 не беа доволен доказ за најуспешна сезона во кариерата на нашиот македонски претставник во ТЦР Европа, Виктор Давидовски, почекајте, тој не ја завршил својата работа за оваа година и има уште многу што да каже.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

По завршување на сезоната во ТЦР Европа првенството, каде што Давидовски повторно ја освои титулата во Diamond Cup категоријата, стигна до победа во Франција и каде што неговиот тим ја освои шампионската титула кај тимовите, веќе од следниот викенд, тој и неговиот тимски колега, Франко Џиролами, ќе нападнат на светска сцена како дел од WTCR првенството откако обезбедија Wild Card на трките во Бахреин и Саудиска Арабија.

Двајцата возачи ќе настапат со своите автомобили Ауди поготвени од Comtoyou Racing, но поради правилата за Wild Card и двајцата ќе добијат дополнителна тежина и нема да имаат право на освојување бодови, туку само на пласмани и трофеи за пласман на подиумот.

Давидовски го сподели своето мислење околу претстојните два настани на светско ниво во Бахреин и Саудиска Арабија:

Сигурно овие трки ќе бидат многу голем предизвик, но јас поминувам време работејќи со Франко во симулаторот и тренирам секој ден, вложувајќи многу напор да дадам се од себе.

Да се натпреваруваш на светско ниво како што е WTCR отсекогаш била амбиција. Иако знам дека WTCR е уште еден чекор во споредба со ТЦР Европа, јас победив на трка во ТЦР Европа и никој не ви дава победи бесплатно во таа серија. Благодарен сум на тимот за оваа можност, тоа е остварување на сонот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Менаџерот на екипата Comtoyou Racing, Франсоа Вербист, ја даде следната изјава:

Ова е навистина добра можност за Франко да го покаже својот потенцијал во кој навистина веруваме. Работиме со него веќе една година и тој навистина ја заслужи титулата во ТЦР Европа како најдобар и најистакнат возач.

За Виктор, амбиција е да се натпреварува во серија на светско ниво и ние сме многу задоволни што успеавме да го овозможиме тоа. Знаеме за што е способен.

Интересно да се спомене е што во трките ќе гледаме дуел помеѓу двајца браќа. Франко всушност ќе конкурира на неговиот постар брат, Нестор, кој регуларно се натпреварува во WTCR и кој од пред неколку сезони е во блиска соработка со Давидовски и македонскиот тим на PSS Racing.

Што се однесува до двете трки, ова е првпат WTCR серијата да се појави во Бахреин и во Саудиска Арабија на патеката Џеда Корниш, што значи дека и самите возачи за првпат ќе се запознаат со нивните карактеристики.

Трката во Бахреин ќе се одржи од 10 до 12ти Ноември, додека Саудиска Арабија ќе биде домаќин од 25 – 27ми Ноември.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ