- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Десетте најдобри болиди на Ферари

Ферари ја слави својата 1000та Формула 1 трка на својата домашна патека во Муџело, така што време е да се направи листа на 10те најдобри и најуспешни креации кои излегле од фабриката во Маранело.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ферари 641

Возен од Алан Прост и Најџел Мансел, болидот победи на 6 трки во 1990 година кога имаше календар од 16 тркачки викенди, вклучително и фантастичната победа на Професорот во Монако по старт од 13то место.

Со овој болид Алан успеа да го предизвика Аиртон Сена и Мекларен за титула, иако на крајот не успеа да победи во таа битка. 641 се смета за еден од најубавите болиди на сите времиња.

Ферари Ф2003-ГА

Болидот победи на 7 од вкупно 12 трки на кои се појави, патем стигна и до 5 пол позиции и 5 пати имаше најбрз круг на трката, а со негова помош Михаел Шумахер стигна до својата 6та шампонска титула и го мина рекордот од пет наслови на Хуан Мануел Фанџо, рекорд кој беше на сила цели 45 години.

По крајот на сезоната Црвениот барон го спротистави болидот и на млазниот авион Еурофајтер Тајфун на патека од различна должина за да се види кој е побрз. Пилотот на авионот имаше ретка можност да го победи Шумахер.

Ферари Ф12001

Болидот победи на половина од трките на кои се појави помеѓу 2001 година и почетокот на 2002 година пред да биде заменет од доминатниот подновен Ф2002 пакет.

Ф12001 беше базиран на концепт виден кај Мекларен и освои вкупно 26 подиуми и стигна до 13 пол позиции, а му донесе титула со рекордни 58 поени предност на Шумахер. Со тој болид германецот го сруши рекордот за најмногу победи во кариерата со својот 53ти триумф во Белгија.

Ферари Ф2007

Болидот ја прекина доминацијата на Рено во Формула 1 и му донесе прва и единствена титула на Кими Раиконен, како и прв двоен наслов за Маранело по Михаел Шумахер три години претходно.

Раиконен останува последниот шампион на Ферари, а 6 од вкупно 9те свои победи за Скудерија ги оствари токму со овој болид во таа 2007 година.

Ферари 126Ц

Се користеше помеѓу 1981 година и 1984 година и беше дизајниран од Мауро Форџиери и Харви Постелвајт. Победи на 10 трки и донесе две конструкторски титули во Маранело, онаа од 1982 и 1983 година.

Големиот Жил Вилнев ја возеше оваа фантастична машина на последните две од вкупно шест Франд При победи пред да го загуби животот во Белгија во 1982 година.

Ферари Ф2008

Овој болид му го донесе последниот конструкторски наслов на славниот тим. Возен од Фелипе Маса кој за само еден поен ја загуби шампионската титула и Кими Раиконен, Ф2008 победи на 8 трки и имаше исто толку пол позиции со 13 најбрзи кругови од вкупно 18 трки таа година.

Ферари 500

Ферари 500 всушност беше Формула 2 болид дизајниран од Аурелио Лампреди и користен од Ферари во 1952 и 1953 година кога шампионатот се водеше согласно Формула 2 правилата.

Италијанците беа единствена екипа која имаа посебно дизајниран болид за Формула 1 и целосно го искористија тоа со Алберто Аскари кој освои две титули на почетокот. Тој победи на 6 од вкупно седум трки на кои се појави со Ферари 500 на патот до својата прва титула.

Ферари Ф2002

Еден од најуспешните Формула 1 дизајни на сите времиња, створен од страна на Рори Брн, Алдо Коста и Николас Томбазис со имиња како Рос Браун и Паоло Мартинели задолжени аз надгледување на целиот процес. Ф2002 победи на 15 од вкупно 19 трки во 2002 и 2003 година.

Болидот помогна во освојување на насловот во 2002 година и во победничкиот старт следната сезона.

Ферари 312Т

Серијта 312Т на Скудерија се покажа многу успешна и ги освои сите конструкторски титули помеѓу 1975 и 1978 година кога револуционерниот Лотус на Колин Чепмен му ја украде славата.

Дизајнот на Мауро Форџиери беше чист и едноставен што одлично одговараше на механичките подобрувања кои му беа додавани. 312Т победи на 27 трки, освони пет конструкторки наслови и три возачи, бројки со кој е најуспешен болид во Формула 1 историјата.

Ферари Ф2004

Ферари доминираше во 2004 година со победа на 15 од вкупно 18 трки во тогашниот календар и освојувајќи двојна титула многу рано во текот на сезоната. Тој болид му ја донесе рекордната 7ма титула на Михаел Шумахер во сезона во која победи 12пати на првите 13 трки.

Пакетот постави многу рекорди на автодромите каде се појавуваше и заслужува да биде најдобар болид во историјата на Ферари.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Хорнер: Потисната сила во 2021 треба да биде уште помала

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, смета дека ФИА требала уште повеќе да ја намали потисната сила на болидите за 2021...

РЕЗУЛТАТИ

Тоскана: Лу-Ди-Ло на Муџело во кое Хамилтон победи

Доколку Формула 1 шефовите сметаат дека Тосканското Гранд При ќе биде во календарот само оваа година мора да смислат многу добра причина за тоа...

популарно

Вебер предупредува: Леклер може да замине во иднина

Марк Вебер смета дека падокот треба да внимава на Шарл Леклер затоа што со заминувањето на Себастијан Фетел од тимот, младиот возач од Монако...