0 ден

Нема производи во кошничката.

Де Врис доби тужба пред почетокот на сезоната

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Во пресрет на својата прва Формула 1 сезона, холандскиот дебитант, Ник де Врис, се најде во проблеми со законот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Холандски De Telegraaf пренесува дека поранешниот резервист на Мерцедес и Формула Е првак, позајмил пари од трговецот со недвижнини, Јероен Шотхорст, за да ја финансира својата Формула 2 кариера, но го прекрил договорот, скрил информација поради што е тужен, а сослушувањето ќе биде на почетокот на следниот месец.

Шотхорст го обвинува де Врис дека му позајмил 250 илјади ЕУР преку својата инвестициска компанија за да ја финансира својата тркачка кариера. Договорот бил таков што вклучувал камата од 3% годишно и дополнителни 50% доколку Ник дојде до Формула 1. Но, имало и клаузула дека договорот ќе биде ништовен доколку тој не дојде до Формула 1 до крајот на 2022 година по што додје и до проблемот.

Реалноста е дека Ник имаше една Формула 1 трка лани за Вилијамс како замена на Алекс Албон во Монца, трка која му го трасираше патот до најпрестижната моторспорт тркачка серија во светот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Според адвокатите на де Врис, тој отплатил околу 190 илјади ЕУР на Шотхорст додека бил тестер за Мерцедес, а предложил да го отплати и останатитот дел од кредитот, што било одбиено од Шотхорст.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНИ ВЕСТИ

НАЈНОВИ ВЕСТИ