Де Врис: Не се лутам што не добив шанса во Ф1

Признавајќи дека извршување на задачите не е доволно за да се влезе во Формула 1, Формула 2 шампионот Ник де Врис, вели дека не се лути околу тоа што не доби шанса во Формула 1 за 2020 година.

Иако ја освои титулата во Формула 2 на повеќе трки до крајот, де Врис не беше земен во предвид од страна на Формула 1 тимовите. Наместо тоа, холанѓанецот премина во Формула Е, со место во тимот на Мерцедес EQ, но додека де Врис не доби шанса, второпласираниот во Ф2, Николас Латифи, доби возачко место во Вилијамс.

Де Врис инсистира дека нема горчина поради тоа.

Јас самиот имав цел. Сакав да победам сезонава за да докажам дека имавме способност како екипа да го постигнеме тоа, но во исто време знам дека овој свет не функционира така едноставно. Работите се менуваат брзо.

Има многу работи кои играат улога во влезот во Формула 1, а вршење на работните задачи не е доволно. Го прифаќам тоа и свесен сум за истото. Јас сум реален човек и не се лутам поради тоа.

Многу сум среќен за Николас кој доби можност, тој исто така имаше добра сезона, заврши на второ место, заврши добра работа и мислам дека ја заслужува шансата. Јас имам можност во Формула Е и сум многу среќен и благодарен на тоа. Ќе направам се за ова да биде успешна приказна.

НАЈНОВО

Саинз е целосно против проширување на календарот

Покрај планираното скратување на должината на Ф1 викендот, Карло Саинз вели дека е целосно против рапидно проширување на календарот во иднина. Од 2021 година сите...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Колку чини Ф1 болид за цела сезона?

Сезоната во Формула 1 за 2019 година заврши, но тоа не значи дека нема интересна содржина која може да се сподели. Со вас ќе споделиме...