- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Де Врис со победа стана Формула 2 првак

Ник де Врис беше крунисан за шампион во Формула 2 за 2019 година, откако стигна до победа на спринт трката во Сочи.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Холанѓанецот ќе стане првиот шампион од втората најдобра тркачка серија кој не преминал во Формула 1 веднаш по титулата, откако потпиша договор со Мерцедес да се трка покрај Стофел Вандорн во Формула Е.

Иако уште 4 возачи под Де Врис во пласманот имаа матемачичка шанса за победа, холанѓанецот беше најблиску до титулата откако освои пол позиција во петочната сесија за кој доби и 4 поени во пласманот.

Во трката тој имаше целосна контрола, преку одлично менаџирање на пневматиците. Најблискиот ривал, Николас Латифи, не успеа да се доближи до Де Врис, но сепак заврши на второ место.

Луи Делетраз се пласираше на трето место, откако Лука Гњото имаше проблем со пневматиците кои драстично се деградираа во последниот круг.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

ФИА забрани било какви пораки од подиумот

ФИА им забрани на возачите да носат било што на себе освен тркаките одела на подиумот откако Луис Хамилтон во Муџело носеше маичка на...

РЕЗУЛТАТИ

Тоскана: Лу-Ди-Ло на Муџело во кое Хамилтон победи

Доколку Формула 1 шефовите сметаат дека Тосканското Гранд При ќе биде во календарот само оваа година мора да смислат многу добра причина за тоа...

популарно

Хамилтон под истрага, ќе ја задржи ли пол позицијата ?

Луис Хамилтон доминантно стигна до нова пол позиција на Руското Гранд При, но по крајот на сесијата беше повикан на сослушување кај стјуардите за...