Де ла Роса брзо знаел дека Хамилтон ќе биде страшен

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

На Луис Хамилтон му биле потребни само две серии на својот прв Формула 1 тест на Силверстон за да им покаже на своите ривали, а најмногу на својот иден колега, Педро де ла Роса, дека ќе биде феноменален.

Британецот го имаше својот прв официјален тест за Мекларен во Септември 2006 година на Силверстон, неколку денови откако стана ГП2 првак таа година. Во тоа време Мекларен возеле со де ла Роса кој се надевал дека ќе си го зачува местото следната година и тестирал крај Хамилтон.

Присетувајќи се на тој настан, Педро открил дека неговото мислење за Луис се променило со втората серија на сега седумкратниот првак.

по само две серии моето мислење за него се промени. имавме два болиди, тестиравме на силверстон и тоа беше негово прво формула 1 искуство. ја одработе првата серија и беше за никаде, беше бавен.

се сеќавам дека ги гледав неговите податоци со мојот инженер за трка, филип пру и тој ми кажа дека луис ќе мора да се подобри многу низ годините ако сака д астане сериозен и дека му претстои долг пат и многу работа и така натаму.

јас се согласив со него и ја одработев мојата серија и потоа повторно ги погледнав времињата и бев зачуден кога луис беше побрз од мене. беше негова втора серија, навистина немав поима што се случило и ми кажаа дека единствено добил нови гуми.

анализирав детално, беше побрз од мене на копс, бекетс, маготс … секаде. веднаш сфатив дека има огромен потенцијал тој луис хамилтон. неколку секунди гледав во податоците и сфатив дека ќе имам огромни проблеми со него – се присети шпанецот.

На него многу брзо му станало јасно дека Луис ќе биде одбран да вози следната сезона крај Фернандо Алонсо, но не бил тажен и разочаран поради тоа.

тоа беше негов прв формула 1 тест, негова втора серија на силверстон и сфатив дека е премногу брз.

сум видел многу возачи во животот, сум се тркал со некои фантастични пилоти и почестен сум за тоа. но, кога го видов луис веднаш сфатив дека е посебен. тогаш сезоната беше завршена и знаев дека луис ќе се трка крај фернандо кој веќе беше потврден.

бев среќен поради тоа затоа што се помирив и сфаив дека и јас да сум рон денис и мартин витмарш ќе му дадев шанса на него затоа што беше неверојатно брз.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема