- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Дизајнерот на Зандворт против ископираните патеки

Познатиот италијански дизајнер на патеки кој работеше на реновирањето на Зандворт, Јарно Зафели, смета дека копирање на делови од една патека на друга локација е целосно погрешен концепт.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

44-годишникот кој беше главен при подготовката на Зандворт за Гранд При трка, работел и на проекти на Силверстон, Монца, Имола, Муџело и Марина Беј во Сингапур.

Типичен пример за патека каде се вметнати познати делови од други патеки е онаа во американски Остин каде има копија од ултра брзите Маготс и Бекетс од Силвертстон, тројна десна кривина како на Истанбул Парк и елементи од Интерлагос и Хокенхајм.

никогаш не можам да разберам зошто луѓето копираат одредени кривини од некои патеки на друго место само поради тоа што таа кривина се покажала одлична, но при тоа без да разберат зошто е тоа така.

на тој начин се прават “франкештајнски“ патеки. не може едноставно да ископирате делови иако ми е јсно зошто е полесно да се ископира одошто да се разбере зошто нешто е добро таму каде што се наоѓа – смета зафели.

Наместо тоа, италијанецот е специјалист за накосености на одредени кривини кои може многу да го подобрат претекнувањето, а тој принцип се користи и во реновирањето на Алберт Парк во Мелбурн, иако компанијата на Зафели не го работи тој автодром.

гледате дека многу патеки сега го користат нашиот метод каде адаптираат само мали промени на патеката и то менува се. во мелбурн се работи согласно нашите насоки и сум почестен што е тоа така. по зандвот многу патеки прават така, најпрво се разбира кривината, а потоа се создава решение за техничкит проблем.

И покрај тоа што Зафели има повеќе од 20-годишно искуство во она што го работи, сеуште гледа огромен предизвик.

сега е потешко од било кога. за силверстон кој го работевме во 2019 година имавме само 16 денови за целосно да ја обновите целата патека, а успеавме се да направиме на 10 денови пред тркачкиот викенд.

за зандворт имавме неколку месеци за да ја спроведеме работата и успеавме поради тоа што иамвме верба во себе, а сопствениците на патеката го слушаа нашиот совет.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

РЕЗУЛТАТИ

популарно