Директорот за дигитален маркетинг во Ф1 даде отказ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Формула 1 објави дека Френк Артхофер  ќе ја напушти позицијата на директор за дигиталниот маркетинг и лиценцирање по четири години извршување на таа функција.

Артхофер ја превзема улогата кога Либерти Медиа стана сопственик на спортот во 2017 година и беше одговорен за развој на бизнисот насочен кон потрошувачите, како и развој на дигиталното присуство.

Социјалните мрежи на Формула 1 имаа солиден развој во последниот период, а од скоро се забележува раст од 32.9 проценти ширум Твитер, Инстаграм, Фејсбук и Јутуб од 2018 до 2019 година. Формула 1 исто така имаше подем и во електронските спортови, каде ги привлекоа сите 10 тимови на гридот.

Беше голема привилегија да се работи во трансформацијата на уникатна, светска класа компанија како што е Формула 1. Градење на тим и бизнис од самиот почеток беше професионален предизвик во кој уживав од првиот ден.

Сакам да се заблагодарам на мојот тим за нивниот фокус во подобрувањата, на Чејс Кери и Либерти Медиа за нивната поддршка во последните 4 години – изјави Артхофер.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема