Добрите резултати во Ф1, клучни за влез на Мекларен во Индикар

Главниот извршен директор на Мекларен, Зек Браун, изјави дека драстично подобрата форма на Формула 1 тимот годинава придонело за носење на одлука да се влезе во Индикар, а новите правила за 2021 година ќе бизат многу значајни за евентуално тркање на Ле Ман.

Мекларен минатата сезона, прва со моторите на Рено ја заврши на 6то место во конструкторскито поредок со половина од поените на фабричката екипа на Рено. Годинава имаат целосно нов тандем на возачи во Карлос Саинз и дебитантот Ландо Норис и се на 4то место во конструкторскиот шампионат со 20 поени повеќе одошто лани по 12 трки Исто така, тимо е на 4то место како најдобри од останатите, пред фабричкиот тим на Рено.

Зек откри дека без толку голем пресврт и без добрите резултати од годинава, веројатно немало да донесат одлука заедно со Еруо Шмит Петерсен Моторспорт да влезат во Индикар на цела сезона следната година.

дефинитивно имаме одличен напредок, но има уште многу. број еден на листата кога носевме одлуа за влез во индикар беше дека тоа не смее да биде одвлкување на вниманието од нашата главна преокупација, а тоа е формула1. мораме ф1 тимот да го псотавиме на многу цврсти темели.

доколку не сметав дека формула 1 проектот е силен, нити јас, нити андреас сеидл, нити џејмс кеј немаше да одлучиме да влеземе во индикар доколку не сметавме дека можеме паралелно да работиме и дека комерцијално може паралелно да се водат со тоа што нема да има одвлекување на вниманието.

доколку ова беше 2018 година немаше ни да помислам на индикар проект затоа што сметавме дека треба целосно да се посветиме на враќање на силните темели во формула 1 тимот – појасни зек браун.

Слично на оваа одлука, Браун најави дека иднината на Мекалрен на 24 часа Ле Ман, трка која Мекларен Ф1 ГТР ја доби во 1995 година, ќе зависи од алокацијата на ресурсите согласно целосно новите правила од 2021 година. Сигурно дека компаниајта нема да се одлучи за новата хиперкар серија од следната година, а тешко и за сезона потоа.

ле ман е нешто многу слично со инди, нешто што сакаме да го правиме и сметаме дека ќе биде одлично за нашит автомобилски бизнис. тоа е дел посветен на патничките автомобили.

новите правила таму ни се допаѓаат, не е скапо, но потребно е доста време за дизајн и производство на автомобилите за таа трка. тој дел ќе се движи малку побавно и во согласност со нашиот автомобилски сегмент, веќе почнавме да размислуваме на првата сезона и будно следиме што ќе се случи со новите правила. не смееме да правиме поголеми чекори одошто можеме да правиме.

ограничувањето на трошењето во формула 1 треба сериозно да го сфатиме кога размислуваме за идната алокација на ресурсите. мораме да знаеме точно што ќе ни носи формула 1 иднината за да моожеме да анализираме за потенцијална вец програма во иднина.

НАЈНОВО

Диетата на Хамилтон виновна за физичкиот и ментален успех

Луис Хамилтон понуди нови детали во врска со тоа како неговата диета базирана на растителна храна му помогнало да реши многу здравствени проблеми со...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

популарно

Леклер го задржува подиумот, 50.000 евра казна за Ферари

Шарл Леклер избегна дисквалификација од резултатот на трката во Абу Даби и ќе го задржи третото место на подиумот, но Ферари се казнети а...