- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Докторот на Алонсо најавува врвно подготвен возач

Физиотерапевтот на Фернандо Алонсо, Едуардо Бендинели, изјави дека не се сомнева во физичката подготвеност на шпанецот пред неговото враќање во Формула 1.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Двократниот шампион ќе се врати со наполнети 40 години и следните две години ќе ги одработи во фабричкиот тим на Рено. Неговата возраст отвори многу прашања дали тој ќе биде во можност да се справи со предизвикот. 

Во однос на тежина и физичка форма тој е на ниво од времето кога беше во Ферари. Имаме подготвени тренинзи како во 2010 кога отиде во Ферари. Ги споредуваме параметрите од минатото со тие од денес и да го достигнеме нивото од пред 10 години. Треба да имаш тело и ум доколку сакаш да постигнеш нешто со болидот. 

По најавата за враќањето на Алонсо и неколкуте интервјуа, веќе се зборуваше за намалената тежина на Фернандо. Тој изјави дека е поради болест, но не е корона бидејќи тестот му е негативен. 

Се тестирав за корона и го немам вирусот. Изгубив сила и во меѓувреме се враќам на високо фитнес ниво. Порано играв фудбал наутро па тенис и подоцна возев велосипед. Тоа веќе не е можно поради тренинзите и да работам на моите слабости.

Се чувствувам подобро од било кога. Мојата возраст не е проблем. Брзината е одредена од штоперицата не од возраста – појасни шпанецот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

Рикардо и Верстапен: Со обратен грид ќе се намали вредноста на победите

Формула 1 возачите ги истакнаа своите грижи околу можноста за воведување на на обратен грид која се дискутира помеѓу челниците на спортот,...

РЕЗУЛТАТИ

Тоскана: Лу-Ди-Ло на Муџело во кое Хамилтон победи

Доколку Формула 1 шефовите сметаат дека Тосканското Гранд При ќе биде во календарот само оваа година мора да смислат многу добра причина за тоа...

популарно

Вилнев: Ферари можеше да биде тоа што денеска е Мерцедес

Жак Вилнев, поранешниот Формула 1 првак, смета дека Ферари можеле да бидат она што денеска е Мерцедес доколку не заминел толку талентиран персонал од...