- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Доменикали најави: Сакаме полни трибини пред крајот на годинава

Шефот на Формула 1, Стефано Доменикали, се надева дека спортот ќе оржува Гранд При трки пред полни трибини до крајот на оваа тркачка сезона.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Најголем дел од трките во ланскиот календар е одржуваа буквално без човек на трибините, а оние кои имаа дозвола за публика, прима по силно ограничен број на фанови. Се очекува почетокот на ова сезона д биде под исти услови поради тоа што пандемијата сеуште има силен замав, а придобивките на вакцинацијата се очекуваат за вториот дел од годинава.

Стефано Доменикали е полн со пофалби за својот претходник Чејс Кери и начинот на кој ја изменаџирал минатата сезона успевајќи да склопи добар календар.

во кус рок мораме да се осигураме дека оваа година ќе почне на вистинскиот начин затоа што сеуште сме во пандемија. но, норам да го пофалам чејс кери и сите луѓе од формула 1 за минатата сезона кога беше одработен полн календар со 17 трки кога никој не мислеше дека тоа е можно. мислам дека тоа е успех за чејс и неговите луѓе – вели италијанецот.

Запрашан за враќањето на фановите на трибините во иднина односно пред крајот на сезоната, поранешниот шеф на Ферари рече дека се надева оти тоа е можно.

сакам да сум оптимист. се надевам дека оваа година е транцизиона во однос на кризата затоа што истата трае подолго од првичните очекувања. свесни сме дека успехот на она што го замисливме како нормална сезона може да биде загрозен.

сепак, се надеваме дека кон крајот на оваа година ќе имаме гранд при трки со голема публика на трибините.

Сезонава ќе доцни со почетокот откако Австралиското Гранд При се презакажа за Ноември, Бахреин ќе го отвори првенството. Исто така, својата трка ја откажа и Кина, а Имола ќе ја замени.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

НАЈНОВО

РЕЗУЛТАТИ

популарно