0,00 ден

No products in the cart.

Доменикали потврди дека има интерес за втора трка во Кина

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

најново

ПАДОК КЛУБ

Главниот извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, откри дека веќе постои голем и реален интерес од Кина за организација на втора трка во шампионатот.

Следната година најбројната нација во светот нема да организира трка трета година по ред поради проблемите со пандемијата, но планот е Шангај да се врати во календарот од 2023 година и да го испочитува договорот кој е со важност до 2025 година.

До тогаш планот е да се има и втора Формула 1 трка во Кина, а интересот драстично пораснал со појавувањето на Гуанју Жу на гридот, нешто што ќе се случи догодина во Алфа Ромео.

можам да откријам дека имаме интерес од друг град во кина да имаме уште едно гранд при таму. следната година нема да одиме во кина поради паандемијата и поради тоа го продолживме договорот уште лани на повеќе години, за да се осигураме дека сме партнери.

сигурен сум дека ефектот на жу ќе ја засили популарноста на формула 1 таму, тој ќе биде прв кинез во формула 1 и ќе донесе многу. тоа е земја каде треба да бидеме поприсутни, може многу да се развиваме, а сите производители иамат фабрики таму и се заинтересирани да останат долго – објасни италијанскиот шеф на тркачката серија.

Факторот Жу не е непознаница во Формула 1 затоа што Холандија ја искористи неверојатната популарност на својот Макс Верстапен и организираше импресивен настан, најдобриот во сезоната, а го врати спортот во земјата каде долг време не беше присутен.

Исто така, Серхио Перез е главен виновник за големата популарност на Формула 1 во Мексико и враќањето на спортот на легендарната Ерманос Родригез патека.

тоа само покажува каква моќ имаат возачите во овој спорт, тие се центар, средиште на проектот и привлекуваат фанови. сите сакаат да ги гледаат токму нив.

Секако дека за нова трка во Кина има проблем затоа што следнито календар ионака е рекорден со 23 трки, а интерес има и од Лас Вегас, Јужна Африка, Кореја и Мароко, но во последно време интерес почнува да се обновува и од Германија.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПОПУЛАРНО

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

ПАДОК КЛУБ

повеќе на оваа тема