0 ден

Нема продукти во Кошничката.

Доменикали ќе разговара со возачите кој го бојкотираат Нетфликс

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Главниот извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, ќе разговара со возачите кои се закануваат дека ќе ја бојкотираат популарната Drive to Survive серија на Нетфликс.

Се поголем број на возачи застануваат на страната на Макс Верстапен и не сакаат да даваат изјави пред камерите на најпопуларниот стриминг сервис на светот под изговор дека со едитирање се создава вештачка драма и лажни приказни. Сепак, Доменикали е свесен дека улогата на Нетфликс во се поголемата популарност на спортот е огромна и поради тоа сака сите да бидат вклучени во проектот.

треба да се разбере дека драматизацијата е дел од патот кој носи поголем интерес, но поради тоа мораме да дефинираме некои теми и граници. ако возач одбие да учествува затоа што не е прикажан како што сака, ќе разговараме со него конструктивно, да ни каже што бара и заеднички да се договориме.

менаџментот на нетфликс веќе има состаноци со екипите. ако сакаме да бидеме во тек со американскиот пазар, мораме да го зборуваме нивниот јазик, мораме да се прилагодиме. но тоа не мора да возменирува некого – изјави доменикали за италијанска La Gazzetta dello Sport.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Италијанецот е воодушевен од се поголемата популарност на тркачката серија и во комбинација со новите правила се надева на привлекување на нови екипи и производители.

имаме многу барања за влез во спортот, да кажеме повеќе од едно, а помалку од осум. има онакви кои јавно кажаа дека сакаат да влезат, но има и онакви кои молчат.

од моја гледна точка, не сметам дека интересот за нови екипи и интересот за повеќе болиди на патеката ќе го подобро шоуто, секако, доколку не е некоја екипа која ќе донесе многу во спортот.

Веќе некое време се шпекулира дека Фолксваген Груп преку своите брендови Порше и Ауди сака влез во спортот како производител на мотори од 2026 година, иако официјална одлука сеуште нема.

Доменикали се чини дека не е многу загрижен за губењето на рускиот пазар.

кина е потенцијално гигантски пазар за нас, освен шангај имаме барање и за други трки таму. зандворт веќе е распродаден за следните три години, спа исто така, а хамитон со своите иницијативи носи дополнителна вредност.

секако дека некој е поважен од друг, но мораме да се осигураме дека возачите нема да станат политичари.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ново во Падок Клуб

Михаел Шумахер ќе добие почесна награда

Седумкратниот Формула 1 шампион, Михаел Шумахер, ќе добие почесна државна награда која ќе ја примат неговата жена...
- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Популарно

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

PSS ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД

Можеби ќе те интересира ...

Доменикали брзо ќе има одговор за трка во Африка

Формула 1 се подготвува да открие уште еден невиден долг календар на трки за 2023 година. 30 гран-при...

Доменикали има план за Франција, ќе има ли трка во Ница?

Главниот извршен директор на Формула 1, Стефано Доменикали, има резервен план за остаунвање на Франција во Формула...

Амазон и Нетфликс во војна за ТВ правата во САД

Борбата за телевизиските права за Формула 1 во Соединетите Американски Држани станува се пожестока поради се поголемиот...