RM Sotheby веќе најави дека ќе одржи аукција на навистина ретки и одбрани примероци за време на тркачкиот викенд во Абу Даби, а веќе потврдија дека дел од аукцијата ќе бидат Ферари Ф2002 на Михаел Шумахер како и Бенетон Б192 на германецот.
Аукциската куќа потврди дека дел од настанот ќе биде и единствениот преживеан Скудерија Ферари 126 Ц2, болид кој победи на Големата награда на Германија во 1982 година возен од Патрик Тамбеј, а освои пол позиција во рацете на Марио Андрети на летечката Монца.
Болидот е дизајниран од Харви Постелвајт и придвижуван од 1,5-литарски турбо мотор. Шампионската титула таа година беше пропуштена поради прераната смрт на квалификациите во Белгија на Жил Вилнев како и несреќата на квалификациите во Германија која прерано ја згасна кариерата на Дидие Пиреони.
Според Sotheby, шасијата 061 е внимателно подготвена за уживање и користење. Тешко е да се предвиди цената која ќе биде постигната, а првично поставената цена од која ќе се наддава е 2 милиони долари.