Екипите одобрија радикални промени и буџетско ограничување

Формула 1 тимовите одобриле радикална промена на правилата со цел зачувување и обезбедување на иднината на спортот во екот на пандемијата со корона вирусот.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

По долги дискусии помеѓу екипите, Формула 1 и ФИА во врска со потенцијалните правила кои ќе донесат заштеда во пари, но и подобрување на шоуто за гледачите, предлогот во Петок бил ставен на гласање.

Официјална потврда нема, но motorsport од свои извори дознаваат дека тимовите ги поддржале промените вклучително и намалување на ограничувањето на буџетите од 175 милиони долари на 145 милиони долари следната година, како и правила во врска со развојот и делови кои може да се тргуваат.

Сепак, буџетското ограничување беше најактуелно во последно време откако Ферари не сакаа да попуштат првично договорениот износ да биде дополнително намален, а Мекларен и останатите од средина притискаа за уште поголемо намалување.

Ограничувањето од 145 милиони долари за 2021 година ќе биде дополнително намалено на 140 милиони долари за 2022 година и 135 милиони долари сезона потоа, нешто на што Ферари дале “амин“.

Ќе биде воведен радикален систем на аеродинамички развој согласно кој оние кои ќе имаат најслаби резултати ќе им биде дозволено повеќе време во воздушниот тунел и компјутерска работа споредено со поуспешните екипи. Дополнително, ќе се прошири и листата на делови кои ќе може да се набавуваат од други екипи.

Откако екипите го одобриле целиот план, истиот треба да мине на гласање пред Светскиот Мотор Спорт совет.

НАЈНОВО

Рокит му должи 10 милиони фунти на Вилијамс

Откако минатата недела беше објавено дека соработката помеѓу Вилијамс и нивниот главен спонзор, Рокит, прекува веднаш, тимот потврди дека нивните обврски кон спонзорот биле...

популарно

Ферари со 20 “коњи“ повеќе во Австрија

Ферари цели да покаже посилен мотор уште на првата трка на Ред Бул Ринг во Австрија каде италијанците ќе донесат мотор со 20 коњски...