Енди Кауел од Мерцедес импресиониран со развојот на Хонда

Енди Кауел, одговорниот на Мерцедес во одделот за мотори, вели дека е импресиониран од нивните ривали Хонда во 2019 година, сметајќи дека тие најмногу се подобриле досега во текот на сезоната, дури повеќе и од Скудерија Ферари.

- РЕКЛАМЕН ПРОСТОР -

Ферари ја започнаа годината со голем напредок во 2018, но Хонда значително се подобрија во текот на сезоната, а нивната брзина на правци се покажа во битката помеѓу Луис Хамилтон и Пјер Гасли во Бразил, во која французинот во Торо Росо победи. Резултат им овозможи 1-2 финиш на Хонда, но Кауел вели дека севкупниот развој на Хонда е импресивен и ќе доведе до возбудлива иднина.

Хонда најмногу се подобрија минатата година, тие се пред Ферари во однос на развојот. Ред Бул знаат да изработат шампионски болид, Макс Верстапен е подготвен, а Хонда … нивната инвестиција во тоа што прават е огромна.

Тоа се гледа и на патеката и може да забележите дека структурата и добрите одлуки се правилни. Ќе биде возбудливо – најави кауел.

НАЈНОВО

ФИА ја продолжи задолжителната пауза

Меѓународната автомобилистичка федерација ја продолжи задолжителната пауза во која фабриките на екипите мораат да останат “под клуч“ поради пандемијата со Ковид-19. Откако беа откажани првите...

популарно

Мерцедес ги поставија условите за нивното учество во Ф1

Шефот на Дајмлер, Ола Калениус, ги постави условите и правилата под кои Мерцедес би продолжиле во Формула 1. Иако никој не очекува шесткратните шампиони да...